Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Директорот на ковзрг даријан Сотировски ги слушна ставовите на „Совест“.
 
21.03.2018г За време на посетата на градот Охрид, покрај состаноците со претставници на верските заедници и локалната власт, директорот на Комисијата за односи со верските заедници се сретна и со претставниците на здружението „Совест“, кои долго време јавно искажуваат загриженост поради градежни работи на Али Пашината Џамија во Охрид.

Претставниците на „Совест“ искажаа благодарност за средбата бидејќи до сега се чувствувале игнорирани од повиканите општествени чинители.  Во продолжение тие го информираа директорот детално во однос на нивните наводи, запознавајќи го со сите пропратни аргументации.

Директорот Сотировски истакна дека сите отворени прашања што задираат во верските чувства макар на еден граѓанин од нашата држава, навлегуваат во најсензитивната сфера и мора многу сериозно да им се пристапува. Комисијата за односи со верските заедници го афирмира својот став решенијата за ваквите прашања да се бараат во отворен разговор меѓу страните, во согласност со закон и постапките предвидени во законот. Во следниот период Комисијата ќе ја мотивира соработката во наоѓање меѓусебно разбирање.