Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

18.12.2014Г .ГОВОР НА ДИРЕКТОРОТ НА КОВЗ ПРОФ.Д-Р ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА НА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА „Евреите во Македонија: Историја, традиција, култура и јазик“.

 

 

 

 

Почитуван претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, г-ѓа Берта Романо-Николиќ, почитуван претседател на Македонската Академија на Науките и Уметностите, г-дин Владо Камбовски, почитуван директор на Институтот за национална историја-Скопје, г-дин Драган Ѓорѓиев, драги учесници, членови на Еврејската заедница, уважени дами и господа,

 

 

Се собравме денес свечено да го прославиме јубилејот 70 години од возобновувањето на работата на Еврејската заедница во Македонија, по кој повод се организира оваа меѓународна научна конференција.

Во еврејската традиција бројот 70 има симболичко значење. Имено, тој претставува симбол на единството, на она духовно единство со помош на кое Евреите го примиле божјото знаење. Вкупно 70 старешини го придружувале Мојсеј на планината синај каде Бог му ја предал тората на вкупно 70 јазици. Израелскиот цар Давид во неговите прочуени псалми ќе забележи: „Збирот на нашиот живот е седумдесет години, ако сме силни, и осумдесет; а повеќето од нив се мака и ништожност: зашто минуваат брзо, и ние летаме оттука“. Гледајќи наназад во минатото, во далечната 1944 година кога од пепел започна да се возобновува Еврејската заедница во Македонија, на ум ми паѓаат токму овие зборови од Давидовиот псалм. Тоа беа години на голема мака и на голем раздор, но воедно и на голема надеж за едно ново единство, за едно ново обновување во кое Евреите и еврејската култура повторно ќе се радуваат на светлината на новиот ден. Во почетокот, тоа беше борба да се зачува идентитетот, да се зачува нацијата, религијата и целокупната традиција и култура, а  истовремено и да се ослободи и целото човештво од неизмерните страдања по Втората светска војна.

            Токму со еден таков ентузијазам, во почетокот на декември 1944 година, веднаш по завршувањето на војната, преживеаните Евреи решаваат да ја продолжат долгата традиција на еврејски општини во македонија и ја обновуваат еврејската општина во Скопје. На 26 декември 1944 година во скопје е формиран првиот Македонско-еврејски народноослободителен одбор на кој е донесена одлука за формирање Македонско-еврејска општина во рамките на сојузот на еврејските општини на југославија. Општината се наоѓала во старото еврејско маало под тврдината Кале.

            За прв претседател на еврејската општина во Скопје е избран Ѓорги Блаер. Во 1946 година, општината брои 471 член, од кои една четвртина биле дојдени од други делови на Југославија. Во повоените години, работата на општината се концентрира на обнова на еврејскиот живот и давање социјална помош на оние на коишто им била потребна. Се врши регистрација на сите преживеани Евреи, се организира кујна и се формира мала библиотека. Со формирањето на државата Израел во мај 1948 година, многумина се иселуваат во новата татковина и членството полека почнува да се намалува. Некои се иселуваат и во САД и во Јужна Америка.

            Денес, во Република Македонија сме горди на Еврејската заедница која брои околу 200 членови кои активно учествуваат во општествениот, политичкиот и културниот живот. Македонија се гордее и на најстарата синагога на Балканот пронајдена во Стоби која датира од 2 век. Се гордее што токму на овие простори потекнуваат најголемите и најбогатите културно развиени еврејски заедници на Балканот. Се гордее на Илинденскиот војвода Рафаел Камхи, на Ментеш Коломонос, Санто Ароести, браќата Мушон и Аврам Нисан, кои храбро и достоинствено ја бранеа слободата на Македонија во Македонската и Младотурската револуција. Така, религијата, културата, науката, традицијата, меѓусебното почитување стануваат една голема обврска и залог за идните генерации кои веќе го следат тој пат. Духовни траги кои се присутни во нашиот вековен заеднички живот се длабоки и неизбришливи.

            Оваа научна конференција ќе не врати во минатото, потсетувајќи не на настаните од непосредното и подалечното историско еврејско минато на овие простори, но и ќе не однесе кон иднината, храбро и достоинствено ќе не подготви за сите предизвици кое ги носи новото време. Точно по 70 години, Евреите и Еврејската заедница во Република Македонија продолжуваат да чекорат во духот на европските вредности на соживот, мир и толеранција. Во тој дух, сакам да ви го честитам јубилејот и да ви посакам уште многу години исполнети со љубов и светлина. Или како што пее поетесата Нели Закс, добитничка на Нобеловата награда за книжевност во1966 година, светлината и ѕвездите мора секогаш одново да се раѓаат:

 

                        Народи на светот,

                        Оставете ги зборовите на нивниот извор,

                        Зашто тие можат да ги вратат хоризонтите          

                        На вистинското небо

                        И со својата друга страна

                        Како маска на лицето на дремливата ноќ

                        Да им помогнат на ѕвездите да се родат.

           

           

 

Ви благодарам.