Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

по повод големиот христијански празник раѓањето христово божиќ, директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки до поглаварот на мпц-оа г.г. стефан и до сите православни верници во земјава и светот

 

 

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г. Г. СТЕФАН

 

                                   

 

Ваше Блаженство,

 

 

Дозволете ми во мое лично име и во името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Право­слав­на Црква -  Охридска Архиепископија, на целото свеш­тен­ст­во и монаштво да упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник-РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО- БОЖИЌ.

      Божиќ е најрадосниот празник ме­ѓу христијаните, денот ко­га секој од нас во кругот на нашите се­меј­ства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Како народ на ве­ра­та, отсекогаш сме граделе заедница врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности и сме се радувале на божјите благослови. На­ша­та Македонска Пра­во­славна Црква-Ох­ридска Архиеписко­пи­ја е вистинскиот при­мер за тоа. Таа е на­шиот духовен светилник преку кој силно и гордо све­ти нашиот на­цио­нален идентитет, нашето богољубие, столбот на македонската ду­хов­на и вековна оп­стојба. Големата љу­бов со која Бог на овој голем праз­ник преку Ра­ѓа­њето Хри­сто­во се објави на сите луѓе е и наш заеднички стремеж, да не дозволиме да зацаруваат омразата и по­дел­бите, туку љубов­та, мирот и взаемното почитување.

Токму затоа, нека празничната икона на новородениот Спа­си­тел биде постојано пред нашите духовни очи, да продолжиме да ја негуваме и чувствуваме божиќната радост традиционално при­су­т­на во секој наш дом и во секое наше семејство и истата да ја пренесуваме на нашите рожби и идни поколенија.

Со овие празнични желби Ви го честитам овој светол и величествен празник, и Ви посакувам овие, но и сите денови да ги поминете во здравје, љубов и божји мир. Заедно со верниците на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија овде во татковината и насекаде во светот, да се поклониме пред ново­ро­де­ни­от Спасител обединети во нашата исконска вера и божја бла­годат.

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

Директор

 Проф. д-р Валентина Божиновска