Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

директорот на ковз проф.д-р Валентина божиновска по повод ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ-ВЕЛИГДЕН УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО БИСКУПОТ СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ МОНС. Д-Р КИРО СТОЈАНОВ

 

 

 

ДО

БИСКУПИЈА СКОПСКА

ОРДИНАРИЈАТ НА СКОПСКА БИСКУПИЈА
МОНС. Д-Р КИРО СТОЈАНОВ
БИСКУП СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ

                                   ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 

Почитуван Превозвишен Бискупе,

 


Во овие мигови на празнична радост дозволете ми Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи да Ви упатам најсрдечни честитки по повод ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – ВЕЛИГДЕН.

На денешен ден пред многу години силна светлина засветли од празниот Христов гроб и во срцата на луѓето им вдахна радост и вера во вечниот живот. Оваа светлина секогаш неповторливо ја буди и зајакнува во нас животната надеж и сила која н?  поттикнува на себедарување и отварање на срцата кон сите со возвишеноста и благодатта на добрината.

Нема поголема радост и нема поголемо поголемо веселие од она што произлегува од триумфот на љубовта над омразата, надмоќта на надежта над очајанието, Христовото воскресение н? направи сите нас учесници во вечната победа над смртта. Токму врз таа серадосна благовест се темели и нашата христијанска вера, надеж и љубов.

            Во таа насока, сакам да го истакнам Вашиот личен придонес, како и придонесот на Католичката црква во Република Македонија во градењето на мирот, во афирмацијата и зачувувањето на религиозните и културните  посебности на Република Македонија како наша заедничка светла водилка.

 Ви посакувам овие празнични мигови да ги прославите во добро здравје, духовен мир и радост, честитајќи Ви го празникот на ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ-ВЕЛИГДЕН со торжествениот христијански поздрав:

 

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!                           


 

        Директор,

      Проф. д-р Валентина Божиновска