Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
ЗАКОНСКИ АКТИ И ОДЛУКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                        

 

                                                                                          

 

 

 

СТРАТЕШКИ ПЛАН

ЗА ПЕРИОДОТ 2018—2020

ГОДИНА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 2017

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Република Македонија го започнува циклусот на подготовка на Стратешкиот план за периодот 2018-2020 година.

Со Стратешкиот план 2018-2020 година даваме пресек на основните заложби на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, програмските цели и определби, постигнатите резултати, како и плановите, заложбите и очекувањата за наредниот период. Со дефинирањето и спроведувањето на зацртаните политики, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи дава значаен придонес за исполнувањето на крајната цел на Владата на Република Македонија: подобар и достоинствен живот на сите граѓани во правно изградена и европски профилирана држава, интегрирана во европските и евроатлантските структури.

И во наредниот период како примарни цели и задачи на Комисијата со остануваат максималната ангажираноста за промовирање на земјата во светот, одбраната на нејзините витални национални интереси, заштитата на интересите на граѓаните и нивниот национален идентитет, како и соодветната афирмација на достигнувањата на земјата на сите полиња, особено во полето на почитување на човековите права и правото на слобода на вероисповед.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи располага со капацитет што ќе овозможи целосна и успешна реализација на Стратешкиот план 2018-2020 година.

Со почит,

Комисија за односи со верските заедници

и религиозни групи

Зам. Директор

Зеко Абази

 

 

 

 

1.1       ВОВЕД

 

Стратешкиот план на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е среднорочен план на активности за периодот 2018-2020 година кои претставуваат основа за дефинирање и реализација на општите и конкретни цели на Комисијата, во согласност со Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година (Сл.весник бр.96/2017). Во согласност со интегралниот систем на планирање и буџетирање, овој Стратешки план е придружен документ на буџетската пресметка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи за 2018 година, во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите на Република Македонија (Службен весник на РМ бр.171/12). Во Стратешкиот план на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи за 2018-2020 година се содржани целите и задачите на организациските единици и на Комисијата во целина, активностите за остварување на тие цели, како и ефектите и резултатите на истите. 

Преку реализирање на активностите од Стратешкиот план, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи треба да одговори на обврските што произлегуваат од нејзините надлежности утврдени со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Програмата на Владата на Република Македонија и Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група („Сл.весник на РМ“ бр.113/07). 

 

 

1.2       МИСИЈА

 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи  e орган на државната управа чија основна цел е да ги разрешува сите прашања коишто ќе се појават помеѓу црквите, верските заедници и религиозните групи и државните органи.

 

 

 

1.3       ВИЗИЈА

 

            Одржување и унапредување на меѓуверските односи врз принципите на верска толеранција и подеднаков третман на сите верски субјекти пред законот.

1.4       ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

Задачите и обврските на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи се утврдени со Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група и тие се во функција на:

доследно спроведување на Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група и обврските кои поризлегуваат од него;

унапредување и промоција на верскиот соживот;

унапредување на положбата на верските заедници и религиозни групи во општеството;

создавање услови за еднаков третман на сите цркви, верски заедници и религиозни групи;

остварување на правата на црквите, верските заедници и религиозните групи кои произлегуваат од Законот за денационализација, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и др.;

вклучување на средношколските и високошколските образовни институции на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Исламската верска заедница во државниот образовен систем на Република Македонија;

издавање решенија за одобренија за престој на странски мисионери, мислења за градба на верски објекти на територијата на Република Македонија,

давање мислења за донации од јавен интерес наменети за верските заедници и нивните потреби;

промоција и активен придонес во изградбата на политиката на мирното разрешување на меѓуверски конфликти;

создавање на клима на дијалог помеѓу црквите, верските заедници и религиозните групи;

афирмација на верските вредности на Република Македонија;

промоција на мултиконфесионалниот карактер Република Македонија како пример за почитување на различните вери и верски соживот.

  

1.5  СПЕЦИФИЧНОСТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

КОВЗРГ ги обезбедува сите услуги коишто се поврзани со делувањето на црквите, верските заедници и религиозни групи, нивните односи со Владата и Собранието на Република Македонија, како и со други органи на државната управа, судските власти, со домашни и странски владини и невладини организации. Комисијата ја следи работата на 35 правно регистрирани верски субјекти во Република Македонија, од кои Македонската Православна Црква–Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква и Еврејската заедница се посебно истакнати во Уставот на Република Македонија заради нивното традиционално и долгогодишно постоење на овие простори.

 

  

1.6 СТРУКТУРА НА КОМИСИЈАТА

 

Со Правилникот за систематизација на работните места во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи се утврдува вкупниот број на вработените (административни службеници, помошно – технички лица), распоредот, шифрата, називот и описот на работните места по организациони единици и посебните услови потребни за извршување на работите и на задачите на одделните работни места.

Со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи  раководат Директор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функционери на Владата на Република Македонија. 

Организациони единици во Комисијата, согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа се 2 сектори и 4 одделенија, и тоа:  

1.

Сектор за соработка со црква, верска заедница и религиозна група и протокол

 

1.1

Одделение за соработка со црква, верска заедница и религиозна група

 

1.2

Одделение за протокол и одбележување верски празници

2.

Сектор за соработка со државни институции, документација и административна поддршка

 

2.1

Одделение за соработка со државни институции, документација и односи со јавност

 

2.2

Одделение за административна поддршка

 

 

 

 

 

 

1.7  АНАЛИЗА НА ВНАТРЕШНАТА СОСТОЈБА, НАДВОРЕШНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ, УТВРДУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ И ЗАКАНИ НА ОРГАНОТ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА (SWOT АНАЛИЗА)

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е флексибилно организирана и лесно прилагодлива кон исполнување на барањата од корисниците на услуги. Корисници на услугите на КОВЗРГ се регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи, органите на државната управа, домашни и странски владини и невладини организации, дипломатско-конзуларни претставништва на РМ во странство и странски дипломатско-конзуларни претставништва во РМ и сите кои имаат потреба од одредена услуга од КОВЗРГ.

Анализата на надворешното и внатрешното опкружување на Комисијата, како и утврдувањето на нејзините потенцијални можности и закани, ја даваат следнава SWOT анализа:

 

 

 

ПРЕДНОСТИ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е еден од најстарите државни органи на Република Македонија. Од 1951 година, па до денес, постои како самостоен државен орган, надлежен да се грижи за правната положба на верските заедници и религиозните групи и за односите меѓу државата, верските заедници и религиозните групи;

Во  Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи работи  високо  стручен  и мотивиран кадар. Вработените преку континуирана обука имаат стекнато дополнителни потребни знаења и вештини од областа на управувањето во државната служба, административното работење, еднаквоста и недискриминацијата на верска основа, Е-влада, управување со проектен циклус, и др.

СЛАБОСТИ

Недостаток од финансиски средства кои треба да ги задоволат потребите на институцијата за редовно работење и реализација на нејзините активности;

МОЖНОСТИ

Можност за дополна на Законот за правна положба на цркви, верски заедници и религиозни групи во делот на ингеренциите на Комисијата, со што би се намалил ризикот од недоволен буџет за реализирањето на нејзините планирани проекти и активности;

Можност од вклучување на Комисијата како орган кој е најдиректно инвловиран во верските прашања и односите со верските заедници во глобалниот тренд на сузбивање на тероризмот и радикализмот на верска основа, кој претставува закана за светскиот мир и безбедност. Во светот сѐ повеќе се зголемува интересот за верските прашања од страна на медиумите, граѓаните, невладините организации и други субјекти за спречување на оваа негативна појава, што дава можност за проактивна улога на овој орган.

РИЗИЦИ

Намалувањето на буџетските средства и неприфаќањето на предлог-активностите на Комисијата го ограничуваат нејзиното делување и со тоа одржувањето на позитивни и хармонизирани меѓуверски односи. За да се намалат ваквите ризици од неопходна важност е да се донесе дополна на Законот за правна положба на цркви, верски заедници и религиозни групи.

 

1.8 ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, водејќи се од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2018 година, утврди вкупно еден стратешки приоритет и разви три цели за периодот 2018-2020 година.

 

Стратешки приоритет:

 

Афирмација на културните и верските вредности на Република Македонија преку спроведување активности кои ја промовираат верата и верската разноликост во Република Македонија;

 

 

Стратешки цели за остварување на стратешкиот приоритет:

            

Создавање на клима на дијалог помеѓу верските заедници преку одржување редовни средби со претставниците на верските заедници и нивните лидери, во функција на одржување на мирни и релаксирани меѓуверски и меѓуетнички односи, клучни за обезбедување на мирот и стабилноста;

Запазување на принципот на рамноправност, според кој граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од верското уверување или припадност, преку спроведување активности кои ја унапредуваат верската толеранција и почитување;

Остварување соработка со регистрираните верски заедници и религиозни групи во нивната комуникација со државните органи со цел решавање на нивните проблеми и доследно спроведување на Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група.

 

1.9 ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПЕРИОДОТ 2016-2017 ГОДИНА

 

При остварувањето на своите задачи и обврски Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи остварува соработка со повеќе органи на државната администрација, меѓу кои со Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за наука и образование, Министерството за култура, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Царинската управа, како и со други државни органи и институции. Комисијата e целосно посветена на доследното спроведување на Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група и на почитувањето на верската слобода и права на граѓаните на Република Македонија како составен дел од човековите права и слободи.

  Во таа смисла, Комисијата, меѓу другото, во 2016 година ги реализираше и следниве активности поврзани со нејзините надлежности, права и обврски:

Редовно издавање на 134 решенија за одобрение за престој на странски верски лица за вршење на религиозен култ и други манифестации на верата;

Редовно издавање на околу 170 мислења за јавен интерес на донации од правни лица наменети за цркви и верски заедници;

Постапување по претставки на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир кои произлегуваат од Законот за правна положба на црквите, верските заедници и религиозни групи и вршење увид на фактичката состојба;

Подготовка на извештаи и информации во делот на почитувањето на верските права и слободи, како што се Националниот извештај на Република Македонија по Универзалниот периодичен преглед,  Информацијата за работата на Меѓуресорското тело за човекови права, Информацијата за Заедничкиот основен документ по Конвенциите за човекови права на Обединетите Нации, Извештајот за родова еднаквост и др.;

Учество на Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска, на тркалезната маса на тема "Улогата на религијата во современото општество", во организација на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет на УКИМ;

Остварена работна средба на Директорката на Комисијата, проф. д-р Валентина Божиновска, со претседателот на Меѓународниот фонд за единство на православните народи, г-дин В. А. Алексеев;

Учество на Комисијата во организација на проектот „Ем башка, ем барабар“ заедно со Фондот на Холокаустот, во духот на УНЕСКО и мотото „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“.

Остварена средба на Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска, како дел од државно-црковната делегација со државниот секретар при Светата Столица во Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Учество на КОВЗ во организација на Татковинска прослава „Денови на Мајка Тереза“ по повод нејзина канонизација за светица од страна на Папата, која се одржа од 4 до 11 септември 2016 година во Скопје, и формирање на почесен одбор во кој учество зедоа претставници на верските заедници, државните институции, како и личности од јавниот и културниот живот на земјата;

Учество на претставници на Комисијата во државно-црковната делегација во Рим по повод канонизацијата на Мајка Тереза за светица од страна на Папата Франциск во Ватикан на 04.09.2016 година.

Учество на Директорката на КОВЗ со свој говор на Свечената академија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на 07.09.2016 год. во Скопје; како дел од Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“;

 

Учество на Директорката на КОВЗ со свој говор на конференција на тема: „Заштита на верската слобода и борба против дискриминација и насилство засновани врз религија и уверување“ на 19.09.2016 година, во Холидеј Ин, организирана од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија;

Учество на претставници на Комисијата на меѓународна конференција која се одржа од 20 до 22 октомври 2016 година во Охрид, во организација на Православниот богословски факултет, по повод јубилејот 1100 години од упокојување на Свети Климент Охридски.

Учество на Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на јубилејот 10 години архиерејско служење на Митрополитот г. Иларион од Брегалничката православна епархија, на 23 октомври 2016 година.

Во издание на Министерство за култура, и во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи од печат излезе монографијата од Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски, со наслов: „Слободата и достоинството-основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“, која Министерството ја организираше заедно со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Организација на Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Република Македонија која се одржа од 3 до 5 ноември 2016 година во Битола, на тема: „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“. На неа свои говори одржаа разни претставници од светските религии, невладини организации, домашни и странски професори и експерти од целиот свет, а Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ја отвори конференцијата со свој поздравен говор;

Промоција на книгата и истоимениот документарен филм од минатогодишниот научен собир: „Македонците со исламска религија во историски и современ контекст“ на 18.11.2016 година, во Порта „Македонија“;

Организација на два концерта во изведба на Ансамблот Македонија посветени на свадбените обичаи кај македонците со исламска религија, заедно со Сојузот на македонците со исламска религија на 29.11.2016 година, во Скопје;

Изработка на музејско-документарен филм со наслов: „Споделена вредност“ кој е резултат од истражувањето на Комисијата во соработка со проф. д-р Драгица Поповска на тема: „Свети места во Република Македонија-Споделена вредност на различни културни и религиозни традиции“;

Присуство на положување на камен-темелници на верски објекти во земјата и во странство, како и на други значајни празници и јубилеи: (одбележување на 73 годишнината од депортацијата на македонските Евреи; свечено осветување на новата бискупска резиденција во Скопје, 20 годишнината од обновување на монаштвото во Бигорскиот манастир, јубилеј 65 години од раѓањето и 35 години архиерејско служење на Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, јубилеј 35 години од хиротонисувањето на Митрополит Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски, г. Петар, 1000 годишнина од упокојување на Св. Јован Владимир, присуство на Ифтар вечери, свечени литургии, и др.).

Во 2017 година Комисијата, меѓу другото, ги реализираше следниве активности поврзани со нејзините надлежности, права и обврски:

Редовно издавање на 45 решенија за одобрение за престој на странски верски лица за вршење на религиозен култ и други манифестации на верата;

Редовно издавање на 40 мислења за јавен интерес на донации од правни лица наменети за цркви и верски заедници;

Постапување по претставки на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир кои произлегуваат од Законот за правна положба на црквите, верските заедници и религиозни групи и вршење увид на фактичката состојба;

Подготовка на извештаи и информации во делот на почитувањето на верските права и слободи, како што се Националниот извештај на Република Македонија по Универзалниот периодичен преглед,  Информацијата за работата на Меѓуресорското тело за човекови права, Информацијата за Заедничкиот основен документ по Конвенциите за човекови права на Обединетите Нации, Извештајот за родова еднаквост и др.;

На 25.01.2017г. Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска, на иницијатива на Специјалната болница по хируршки болести „Жан Митрев“ одржа состанок со претставници од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква. На средбата беше разгледана можноста пациентите во „Жан Митрев“во Скопје да бидат посетени од верски службеници заради остварување на нивните верски права согласно Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група (Сл. весник на РМ бр.113/07).

Поаѓајќи од начелото на хуманост кое се заснова на почитување на личноста на човекот и неговите права, правото на слобода и уверување и слободата на манифестирање на својата вера и убeдување како и врз основа на Член 20 од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, (кој дава можност лицата сместени во болниците на нивно барање да бидат посетувани од верски службеници) на 10.06.2017 г. Директорката на КОВЗ, проф.д-р Валентина Божиновска и Директорот на СБХБ „Жан Митрев“, г-дин Жан Митрев, потпишаа меморандум за соработка.

Во рамките на проектот Декада на припадност - Славење на различностите, финансиски поддржан од EU IPA CIVIL SOCIETY FACILITY AND MEDIA PROGRAMME, во ЕУ Инфо Центарот своја промоција имаше Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, каде Директорката на Комисијата ги запозна претставниците на невладините организации со работата на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, од нејзиното создавање, ингеренциите кои ги има како државен орган, како и со активностите на кои работи истата.

На 30.04.2017 год. претставници од Комисијата присуствуваа на канонизација на Кипријан Слепченски во с.Слепче, Демир Хисар, на покана на Преспанско-Пелагониската Епархија.

На 28.05.2017г. Директорката на КОВЗ присуствуваше на канонизацијата на Епископот Велички Гаврил Светогорец  за светител, настан од големо значење за православното христијанство и за Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.

Присуство на Директорката на КОВЗ на литургијата во храмот Св. Богородица во Велес, Повардарска епархија по повод големиот христијански празник Св. Петар и Павле , каде што чиноначалствуваше Митрополит Агатангел.

Примање благодарници, како и монографија од Католичката Црква на Македонија за успешната соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во организирањето на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“.

Во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, од печат излезе книгата „Свети места во Република Македонија- споделена вредност на различни етнички заедници и религиозни традиции“, во соработка со проф. д-р Драгица Поповска од Институтот за национална историја.

Изработка на документарен филм „Споделени вредности“;

Изработка на документарен филм „Мајка Тереза“.

  

1.9       ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ НА КОМИСИЈАТА ВО 2018 ГОДИНА 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи како државен орган задолжен за работите што се однесуваат на правната положба на црквите, верските заедници и религиозни групи, како и за работите поврзани со односите меѓу државата, црквите, верските заедници и религиозните групи, најдиректно е инволвирана во следењето на верските слободи и права како дел од човековите слободи и права. Во таа смисла, Комисијата и во текот на 2017 година ќе продолжи со остварување на своите задачи и обврски и ги очекува следниве резултати:

Остварување на верските права и слободи на граѓаните преку промовирање на верската разноликост во севкупното општество;

Давање придонес во промовирање и унапредување на верскиот соживот во Македонија преку организирање на научни собири, тркалезни маси и семинари, изложби, издавање публикации и снимање документарни филмови;

Редовна комуникација и соработка со верски заедници и религиозните групи регистрирани во Република Македонија, средби со нивните лидери и претставници, како и излегување во пресерет на решавање на нивните проблеми;

Понатамошно унапредување на положбата на верските заедници и религиозни групи во општеството;

Мониторинг на работата на црквите, верските заедници и религиозни групи во Република Македонија и водење редовна евиденција на правно регистрираните верски субјекти;

Давање придонес во одбележувањето на свечености и јубилеи по повод големите верски празници;

Остварување на редовни контакти со претставници на печатените и електронски медиуми и известување за состојбата на верските права и слободи преку учество во јавни дебати и телевизиски емисии;

Редовно ажурирање на веб страницата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и збогатување на нејзините содржини со соодветни информации од активностите на Комисијата;

Подготовка на план за јавни набавки во функција на реализација на одобрениот Буџет за 2018 година согласно Законот за јавни набавки, како и подготовка на сите интерни акти за соодветни активности и процеси во надлежност на одделението за финансиски прашања.