Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Ден на Протестанската реформација


На 31.10.2018 по повод Денот на Протестантската реформација, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, во рамките на одбележувањето на 501-годишнината од почетокот на Протестантската реформација, имаше свое обраќање пред присутните евангелско-протестантските христијани во Христијанско Баптистичката Црква „Радосна вест“ во Скопје.


 

На свечената прослава беа истакнати идеалите на Реформацијата и нивната актуелност во современото општествено живеење. Директорот нагласи на важноста од придобивките на реформацијата за нашето општество, укажувајќи дека вистинската реформација започнува од нас самите и токму индивидуата, заедно со нејзините слободи и права е клучна во изградбата на едно среќно, просперитетно општество. На прославата, се обрати и претседателот на ХБЦ „Радосна вест“, проф. Иван Грозданов, пасторот Марко Грозданов и претседателот на Христијанската црква „Божји глас“, г-дин Јован Јоновски. Сите тие се осврнаа на реформацијата како извонредно значаен процес кој донесе нови промени во Европа и во светот, поттикнувајќи крупни духовни и општествени промени. Директорот на Комисијата, на крајот се заблагодари на поканата, и упати срдечни честитки по повод  овој значаен ден.