Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Честитка од Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски до поглаварот на МПЦ - ОА Г.Г. Стефан и до Претседателот на црковното претставништво на Евангелско-Методистичката црква во Република Македонија, д-р Емил Заев

По повод најголемиот христијански празник Воскресение – Христово Велигден, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски, упати честитка допоглаварот на МПЦ - ОА Г.Г. Стефан и до сите православни верници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Г-дин Сотировски исто така упати честитка и до Претседателот на црковното претставништво на Евангелско-Методистичката црква во Република Македонија, д-р Емил Заев, како и на сите верници на Евангелско – методистичка цркава во Република Македонија.

Радост моја, Христос воскресна“

(Св. Серафим Саровски)

 

 

Дозволете ми да Ви упатам срдечна честитка по повод нај­го­ле­ми­от и најсветлиот, празникот на неизмерната радост Христовото Воскресение - Велигден. Ви упатувам искрени желби Христовото Воскресение да го дочекате во големо смирение, со срца полни со ра­дост и воскресенска љубов.

 

Денот на Воскресението е, да се радуваме во торжеството на праз­никот и да се прегрнеме еден со друг. На оние кои нè мразат да им речеме: браќа! И да простиме сé заради воскресението, како што стои во пасхалната стихира.

 

Овие зборови на дело да ги покажуваме целата година која е пред нас, затоа што денес не се потсетуваме и не си спомнуваме са­мо за историски настан, туку за вечната вистина. Само така вос­кре­сението ќе го почувствуваме внатре во нас самите, а истото ќе го почувствува и нашата татковина. Секој од нас е способен за по­веќе, за подобро за вистинска човечност која на дело треба да се покажува постојано.

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА