Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

07.12.2017г. по повод големиот христијански празник свети климент охридски заменик директорот на ковз г-дин зеко абази упати телеграма со честитки до поглаварот на МПЦ-ОА г.г стефан

 

 

 

ДО

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г.Г СТЕФАН
 

 
          Ваше Блаженство,

 

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, како и на сите православни верници во земјата и во странство, да Ви го честитам големиот христијански празник- Св. Климент Охридски.

Големото дело на Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилицата, кое и денес го празнува Македонската православна црква, сведочи за огромниот влог во писменоста и духовноста што овој епископ ги даде на многу народи ширум светот. Затоа, со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува Свети Кли­мент, да упатиме една силна порака за почитта, доброто и разбирањето помеѓу сите народи, истакнувајќи дека Македонија е голем светилник во големото европско духовно семејство.

Во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,  Ви упатувам срдечни  честитки по повод празникот Св.Климент Охридски и Ви пожелувам добро здравје, мир и спокоен живот.

 

           
                                                                                

                                               Зам.Директор

                                                  Зеко Абази