Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ Ј А В Е Н   О Г Л А С за вработување на 1 (еден) извршител на определено време во траење до 31.12.2018 г.
 
Врз основа на член 21 и член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014 и 27/2016) и член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“бр. 2/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 и 27/2016) и Правилникот за систематизација на работните места во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи бр. 01-163/4 од 23.05.2017 г. и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места бр.01-120/2 од 23.03.2018 година.
 
КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ објавува:

 

 Ј А В Е Н   О Г Л А С

за вработување на 1 (еден) извршител на определено време во траење до 31.12.2018 г.

 

За потребите на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи се распишува јавен оглас за вработување/ засновање на работен однос на 1 (еден) извршител на определено време за следното работно место:

 
1.     Помлад соработник за одбележување на верски празници- 1 (еден) извршител

 
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

·         да е државјанин на Република Македонија;

·         активно да го користи македонскиот јазик;

·         да е полнолетен;

·         Да има општа здравствена способност за работното место;

·         со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 
Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е:

·         За работното место од точка 1 да имаат завршено Високо образование VII/1 степен или студии со стекнати најмалку 180 кредити од областа на теологијата.

 

Посебни работни компетенции кои се потребни за работното место се:



·         активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

·         активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

·         општи работни компетенции за сите места и тоа:

·         решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

·         учење и развој;

·         комуникација;

·         остварување резултати;

·         работење со други/тимска работа;

·         стратешка свест;

·         ориентираност кон клиенти/засегнати страни;

·         финансиско управување.

 

Право за учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:

·         доказ за државјанство;

·         доказ дека не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;

·         кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса;

·         писмо за мотивација.

 

Распоред на работно време: полно работно време од 40 часа неделно, од понеделник до петок по 8 часа дневно од 07.30-08.30 до 15.30-16.30 часот.

 

Паричниот износ за основната плата за работната позиција под точка 1 изнесува: 20.966 денари.

 

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2018 г.

 

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

 

Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на доставените документи и знаења од посебно формирана Комисија.

Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју во рок од 5 дена по извршената селекција.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во момемтот на пријавувањето.

 

Пријавите со потребната документација треба да се достават во затворен плик во архивата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Бул. Гоце Делчев бр. 8, Скопје, Р. Македонија, со назнака: „Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време“.

 

Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

 

Лице за контакт на тел: 071/269-593. 

 

 
Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

Директор

м-р Даријан Сотировски