Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
ЗА НАС

КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ
 

 

Државата е секуларна и религијата е одвоена од неа. Тоа зна­чи дека државата не­ма право да се меша во црковните работи, ниту пак црк­ва­та да се меша во др­жавните работи. Според Законот за органите на државната управа Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи е посебен орган на држав­на­та управа.

 

 Овој орган има статус на правно лице. Во чл. 29 од овој За­кон е про­пишано дека Комисијата за односи со вер­ските заедници и рели­ги­озните гру­пи се грижи за правната положба на вер­ските заедници и религи­оз­ните групи и за односите меѓу државата, вер­ските заедници и религиозните групи.

За првпат како служба која е основана за верски работи, Комисијата се јавува во периодот од 1944 до 1945 година како Верско поверенство. Потоа, од 1945 до 1951 година овој орган се наоѓа во состав на тогашниот Секретаријат за внат­реш­ни работи. Од 1951 година па до денес постои како самостоен државен ор­ган кој што во изминатите го­дини го ме­нува само својот назив. Имено, од 1951-62 година постои како Коми­си­ја за верски прашања, од 1963-76 година ка­ко Републичка комисија за верски прашања, од 1977-2000 година како Репуб­лич­ка комисија за односи со верските заедници, а од 2000-та година до денес, како Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. За целиот овој период до 2000-та година, со органот раководи функцио­нер на ниво на пот­претседател на Влада, односно министер, а со законските ре­ше­нија од 2000 го­ди­на па наваму, претседател / директор, именуван од Владата на РМ.

Односите помеѓу државата и верските заедници и делувањето на верските заед­ни­ци отсекогаш биле предмет на сестрано согледување и оценка од страна на државата. Уште во 1946 година е донесен Закон за забрана за предизви­ку­ва­ње и разгорување на национална, расна и верска омраза и раздор, и кој што, по­крај на­ционалната, обезбедува и верска рамноправност која во себе ја содржи и рам­ноправноста на верските заедници. Потоа следат законот од 1953, Уредбата од 1961 година за извршување на одделни одредби од Законот за правната положба на верските заедници, па законите од 1977, 1997 и 2007 година. Во сите овие за­ко­­ни посебен нагласок се става врз слободата на со­веста и вероисповедта како при­­ватна работа на човекот; одвоеноста на вер­ски­те заедници од државата и сло­бодата во вршењето на верските работи и верските об­реди; забраната за злоупотреба на верата во политички цели; можноста на вер­ските заедници да стек­нуваат и да имаат во сопственост недвижности; мож­носта на верските за­ед­ници да основаат верски училишта за подготовка на свеш­теници; рамно­прав­ност на граѓаните во правата и должностите без оглед на вер­ската, нацио­нал­ната и расната припадност итн. На сите верници им е га­ран­ти­рано правото на сло­бодно изразување на верските чувства, но не е дозволено би­ло какво корис­те­ње на религијата за антидржавни цели.  

 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е надлежна за ра­ботите на државната управа кои што се однесуваат на афирмација и развој на слободата на вероисповедта, соработка на државата со црквите, со верските за­ед­ници и религиозните групи  и унапредување на нивната положба во опш­тест­вото, соработка со епархиите на Македонската православна црква во странство, развој и афирмирање на вредностите на религиските култури, развој на верското образование и помош при вклучување во системот на образование, пружање по­мош во изградбата на сакрални објекти и во заштита на црковното културно на­с­ледство, пружање помош во оставрувањето на нивните со закон утврдени пра­ва, водење на регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи, како и дру­ги работи одредени со законот.

 

При исполнувањето на своите работни задачи и обврски, Комисијата соработува со по­ве­ќе државни органи. Така, Комисијата во соработка со Министерството за финансии ги ост­варува правата на црквите, верските заедници и религиозните групи кои произлегуваат од За­конот за денационализација; како и со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за­ра­ди изнаоѓање на решение на проблемот со пензиското осигурување на свештените ли­ца. Потоа Комисијата  соработува со Министерството за кул­ту­ра во поглед на користењето и реновирањето на кул­тните објекти во РМ, како и при организирање на светски и меѓу­на­род­ни кон­­ференции од областа на културата и религи­јата. Со Министерството за прав­да Комисијата соработува при подготовка на извештаи за меѓународни тела и орга­низации, како и во врска со донациите кои што разни фирми им ги даваат на црквите, верските заедници и религиозните групи. Комисијата остварува со­ра­бот­ка и со Министерството за наука и образование во врска со воведува­ње­то на предметот етика на религиите во наставната програма за основното образо­ва­ние, како и во врска со инте­г­ри­­­рањето на високите образовни институ­ции на Ма­­­ке­­донската православна црква и Ис­лам­­ската верска заедница во рамките на Уни­вер­зитетот Св.Кирил и Методиј. Понатаму, Ко­­ми­сијата обавува и актив­нос­ти повр­за­ни со суштествени прашања од животот на црк­вите, вер­ските заедници и религиозните групи, ка­ко што се контакти со министерства, ди­рекции, управи и комисии за религија на други зем­ји и со странски прет­став­ниш­тва во нашата зем­­ја, како и со наши дипломатски прет­став­ништ­ва во стран­ство. Во таа смисла соработува со Ми­нистерството за надво­реш­ни ра­бо­ти.

Осо­бено значаен сегмент е поврзан со остварувањето на слободата на веро­ис­по­вед­та, со прашања кои се поврзани со јавниот ред и мир, со изведувањето на вер­­ски обреди, односно прашања кои се во надлежност на Министерството за внат­решни работи. Комисијата, во содејство со овој орган овозможува оствару­ва­­ње на дел од правата на граѓаните во врска со вршењето на верските обреди, јав­ниот ред и мир, и дејствува по прашања поврзани со пре­с­то­јот на странски ми­сионери за вршење на верски обреди, на покана од определена црква, верска заед­ница или ре­ли­гиозна група.

 

Со промена на политичкиот, економскиот и правниот систем во на­шата држава и со воведување во 1991 година на плурализмот, повеќепартиски систем, парла­мен­­тарна демократија и пазарана економија, се обезбеди целосна слобода на деј­ству­ва­њето на верските заедници во Република Македонија. Така, со донесу­ва­њето на посебен закон за верските заедници и религиозни групи кој е донесен во 1997 год. е направен обид за имплементација на слободите и пра­вата на веро­ис­повед кои произлегуваат од мултилатералните спогодби, по­пре­циз­но одреду­вај­ќи ги права­та и слобо­дите на дејствувањето на верските заедни­ци, правата и сло­бодите на вер­ниците, како и односот на државата спрема вер­ски­те заедници. Меѓутоа, откако Уставниот суд на РМ во 1998 и 1999 година укина од­ре­ден број од­ред­би, истиот стана неприменлив во повеќе сегменти и создаде обврска да се понудат нови законски решенија. Како дополнение на аргументацијата беа и уставните амандмански измени и дополнувања на Уставот од 2001 година и по­тре­бата од прилагодување на нашето законодавство со меѓународните норми и стан­дарди заради што во 2007 година е донесен ак­туелниот За­кон за правната по­ложба на црква, верска заедница и религиозна гру­па во кој што во целост се имплементирани сите меѓународни правни норми во однос на сло­бодата на ве­ро­исповедта и недискриминацијата по основ на ве­роисповедта.

 

Денес Комисијата ја следи работата на 29 цркви, верски заедници и религиозни групи во РМ, од кои пет (Македонската православна црква, Исламската верска заед­ни­ца, Католичката црк­ва, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заед­ни­ца) се наведени во Уставот на Република Македонија.