Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ПЕСАХ ДИРЕКТОРОТ дАРИЈАН СОТИРОВСКИ УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р БЕРТА РОМАНО-НИКОЛИЌ


 

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

          

             

             Почитувана  г-ѓа  Берта Романо-Николиќ,

          

             Дозволете ми  Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ  и одбележувањето на денот на ослободување на еврејскиот народ од египетското ропство.

Одбележувањето на овој празник кај еврејскиот народ е поврзан со симболот на слободата како универзална вредност на секој човек. Слободата е фундаментално човеково право кое претставува темел на еден подобар и похуман свет. Пораката на Песах е да не поттикне на размислување дека слободата на човекот, вклучувајќи ја и неговата цврста вера во Бога се духовна сила пред која замолкнува секое зло и ги победува сите предизвици. Взаемното почитување и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува за остварување на неговите највисоки идеали. Еврејската заедница во Македонија со своите активности и заложби претставува вистински пример за негување на овие позитивни вредности во нашето општество.

            Ви посакувам, овој празник да го поминете во мир, здравје и благосостојба.

                               Chag PesachSameach

 

 

 

            Директор

  М-р Даријан Сотировски