Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА ЦРКВА, ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА И РЕЛИГИОЗНА ГРУПА

 

 

 

 

Стразбур, 22 март 2007

Мислење бр. 424/2007

CDL-AD(2007)005

 

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ЗА ДЕМОКРАТИЈА ПРЕКУ ЗАКОН

(ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА)

 

МИСЛЕЊЕ

ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПРАВНАТА ПОЛОЖБА

НА ЦРКВА, ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА И РЕЛИГИОЗНА ГРУПА НА

„ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

 

увоено од страна на Венецијанската комисија на нејзината 70-та пленарна седница

(Венеција, 16-17 март 2007)

 

врз основа на коментарите на

г-ѓа Finola FLANAGAN (член, Ирска)

г-дин Hubert HAENEL (зам.член, Франција)

г-дин Hans-Heinrich VOGEL (член, Шведска)

 

 

I. Вовед

  1. Со писмо од 19 јануари 2007 година, министерот за правда, г-дин Маневски, по­бара од Венецијанската Комисија да го прегледа нацрт законот за „правната по­лож­ба на црква, верска заедница и религиозна група“(CDL(2007)015)
  2. Г-ѓа Finola Flanagan и г-дин Hans Heinrich Vogel, членови на Венцијанската коми­сија, и г-дин Hubert Haenel, заменик член на Венецијанската комисија, беа имену­ва­ни и ги доставија своите коментари на англиски превод на нацрт-законот што бе­ше обезбеден од страна на органите.
  3. Исто така, од Групата на експерти за слобода на религијата или верувањето во Со­ветодавното тело на ОДИХР (во понатамошниот текст „ОБСЕ/ОДИХР Совето­давно тело“ беше побарано да се произнесе за нацрт-законот и дад подготви по­себ­ни забелешки (CDL(2007)016)
  4. На 6 март 2007 година, се одржа состанок во Министерството за правда во Скопје каде се собра работната група за нацрт-законот, што го водеа министерот за прав­да и г-дин Муцунски, директорот на КОВЗ, владини претставници, претставници од петте главни верски заедници, г-дин Robbers, експерт и професор на Универ­зи­тетот во Трир, Германија, во име на ОБСЕ/ОДИХР, и делегација на Венецијан­ската комисија во состав од г-дин Hans Heinrich Vogel и г-ѓа Caroline Martin.
  5. Делегацијата на Венецијанската комисија ја искористи оваа прилика повторно да им се заблагодари на органите што го организираа состанокот на 6 март кој што до­веде до драгоцена, отворена, просветна и плодна дискусија меѓу сите учесници.
  6. Врз основа на коментарите на г-ѓа Flanagan и господата Haenel и Vogel Следново следново мислење беше изготвено и усвоено од страна на Венецијанската коми­си­ја на својата 70-пленарна седница (Венеција, 16-17 март 2007)

 

II. Претходни информации

А. Нацрт-закон

  1. Нацрт-законот е резултат на долг процес инициран од властите на „поранешната Југословенска Република Македонија“
  2. Сегашниот нацрт претставува трета верзија од 2005 година. Советодавното тело на ОБСЕ/ОДИХР е вклучен во процесот и веќе има обезбедено 2 групи на комен­тари.
  3. Нацрт-законот кој што се разгледува, според Министерот за правда, ќе биде дос­та­вен до Парламентот до крајот на април 2007 година; во меѓувреме треба да се одржат понатамошни дискусии со религиозните групи и административните тела.

 

Б. Ситуацијата во „поранешна југословенска Република Македонија“

 

  1. Ситуацијата во земјата во поглед на религијата и законодавството е комплексна и контроверзна. Постојат приближно 35 верски заедници во земјата, кои се регули­ра­ни со постојниот закон, од кои 26 се регистрирани. Различните религиозни гру­пи низ вековите научиле да живеат заедно во иста земја; може да се смета дека пра­вославните се мнозинство во целата земја, додека специфични региони или об­ласти на земјата се составени претежно од Муслимани.
  2. Историски, верските ентитети секогаш имале значајна улога во општеството, во об­ра­зованието и благосостојбата, иако се одвоени од државата.
  3. Верските прашања секогаш биле поврзани со политичките.

 

III. Генерални забелешки

 

  1. Следново мислење се однеува на усогласеноста на нацрт-законот за „правната по­ложба на црква, верска заедница и религиозна група“ во „поранешна Југосло­вен­ска Република Македонија“ со Европската Конвенција за човекови права во пог­лед на верската слобода. Тоа, исто така, ги зема предвид главните принципи на На­соките за ревизија на  легислативата која се однесува на религијата или уверу­вањето, подготвени од Советодавното тело на експерти на ОБСЕ/ОДИХР за сло­бо­да на религијата или уверувањето во консултација со Венецијанската комисија.
  2. При разгледувањето на нацртот, експертите ги имаа предвид договорните држави на Конвенцијата и нивниот придонес за почитувањето на односите помеѓу Црква­та и државата како и во поглед на изборот на нивните политики и регулативи во ова поле. Како и да е, иако маргините на ова почитување се широки и разни реше­нија се најдени во разни земји, Европските гаранции не смеат поради тоа да бидат нарушени: затоа овие забелешки мора да се толкуваат во овие рамки.
  3. Советодавното тело на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија се согласија во врска со анализата на нацрт-законот и меѓусебно се надополнија.
  4. Нацрт-законот исполнува голем број од највисоките меѓународни барања за заш­тита на слободата на религијата или уверувањата и за обезбедување на позитивна рамка за нејзиното вршење и практикување (пр. Член 3 ја гарантира слободата на религијата повеќе или помалку во смисла на член 9(1) од Европската конвенција за човекови права.
  5. Сепак, значителен дел на прашањата остануваат проблематични и не се повину­ва­ат на важни меѓународни стандарди.

 

IV. Суштински коментари

 

А. Слобода на религијата

 

  1. Член 9 од Европската конвенција за човекови права и релевантното прецедентно право на  ЕКЧП претставуваат главен репер во полето на слободата на религијата.
  2. Член 9 од ЕКЧП обезбедува слобода на мислата, совеста и религијата.
  3. Тесно поврзани со слободата на мислата, совеста и религијата се заштитите  обез­бе­дени во член 10 од ЕКЧП за слободата на изразување и член 11 од ЕКЧП за сло­бодата на здружување.
  4. Општите одредби на нацрт законот во поглед на слободата на религијата (главно во членовите 3 до 8) изгледаат на прв поглед како да ја гарантираат слободата за изразување на нечија религија без пречки, покрај оние наметнати од Уставот и при­чините наведени во членот 9 § 2од ЕКЧП.
  5. Венецијанската комисија го поздравува фактот што според нацрт-членот секој има право на слобода на уверување мисла и совест.
  6. Како и да е, мора да се забележи дека оваа слобода не смее да се ограничи само на граѓаните, туку и на сите лица во државата.
  7. Затоа, Венецијанската комисија препорачува ова да биде запазено, посебно со ог­лед на англиската верзија на нацрт членот 5.1. во поглед на основање на верска за­едница што не треба да се ограничи само на „граѓани“.
  8. Венецијанската комисија ја поздравува формулацијата на нацрт-членот 6.2., со кој се бара државните органи да „создаваат услови за непречено дејствување на црквите, верските заедници и религиозните групи“.
  9. Ова ја изразува позитивната природа на обврската на државата да обезбеди мирно уживање на правата загарантирани со членот 9.
  10. Сепак, во нацрт-членот 7 е наведено дека слободата на изразување на нечија ре­ли­гија може да биде „ограничена со закон само ако е неопходно заради интереси­те на националната безбедност, јавната сигурност, јавниот ред, здравјето и мора­лот, над заштитата на правата и слободата на другите“
  11. Венецијанската комисија ги потсети подготвувачите на нацрт законот дека е важ­но да се забележи дека „националната безбедност“ не е дозволива основа за огра­ни­чување на слободата на изразување на нечија вера и поради тоа треба да се из­брише.
  12. Понатаму, Венецијанската комисија смета дека е прекумерно да се каже дека на црк­ва итн. не треба да и се дозволи да „влијае“ врз луѓето во однос на нивниот из­бор на вера или припадност (нацрт-член 8). Постои право на изразување на нечие гледиште и прогласување и опишување на нечие верување и споделување на тоа верување со другите. Овие права се покриени со правото за слобода на изразува­ње на религијата или уверувањетро, како и со правото за слобода на изразување­то.

 

Б. Правен статус на верските ентитети

 

  1. Нацрт-законот, преку набројување на три вида на верски ентитети, воведува дис­тинкција која за Венецијанската комисија е нејасна и непогодна во поглед на ме­ѓу­народното барање за недискриминација на верските ентитети  дали се тие реги­стрирани или не.
  2. Нацрт-законот прави дистинкција помеѓу „црква“, „верска заедница“ и „религи­оз­на група“. Овие разлики веќе постојат во Уставот (член 19). Покрај тоа, според појаснувањето дадено на состанокот на 6 март 2007 всушност постојат само две дистинкции: „црква“ и „заедница“ кои се сметаат за синоними со цел да се опфа­тат и христијаните и муслиманите, и „религиозни групи“ кои се однесуваат на по­малите заедници.
  3. Спротивно, дефиницијата на „религиозната група“ е „доброволна асоцијација на физички лица кои имаат слични верски убедувања кои не коинцидираат со веќе ре­гистрирана црква и верска заедница“.
  4. Се чини дека сите три вида на тела се заедници поврзани со верско убедување. Ка­ко и да е, не е јасно кои се разликите помеѓу трите тела кои се тука дефинира­ни. Дефиницијата на „црква“ и „верска заедница“ не е доволно јасна за да овозмо­жи една „религиозна група“ да се разликува од нив. Не е јасно зошто „религиозна група“ е дефинирана како „доброволна асоцијација“ додека останатите две тела не. Не е воопшто јасно дали постои легитимна цел кон која се стремат овие де­финиции.
  5. Оттаму, Венецијанската комисија препорачува да се избегнат овие дистинкции или подетално да се објасни целта на овие дефиниции.
  6. Понатаму, Венецијанската комисија ги потсетува подготвувачите на нацрт зако­нот дека согласно меѓународните стандарди, гаранциите за слобода на верата не се подредени на ниеден вид на систем на регистрација на верските ентитети; тие мора да се од корист на било кој верски ентитет без услов за било каква припад­ност или регистрација.
  7. Венецијанската комисија смета дека донесувањето на закон кој се однесува само на верските ентитети кои сакаат да добијат правен статус и да имаат корист од прин­ципите и правата произлезени од законот може да се сфати како обид да се спречат верските ентитети кои не сакаат да бидат регистрирани, слободно да ги практикуваат нивните верувања.
  8. Ова е особено важно и потребно е дообјаснување, бидејќи ограничувањата на сло­­бодите гарантирани со членовите 9, 10 и 11 според ЕКЧП мора да се согласу­ваат со легитимните цели изнесени во тие членови.
  9. Оттаму, Венецијанската комисија строго препорачува специфицирање на стату­сот на верските ентитети кои не сакаат да се регистрираат, на еден не-дискри­мини­рачки начин и според меѓународните стандарди.

 

Ц. Системот на регистрирање

 

А) Стандарди

 

  1. Нацрт-законот кој што се разгледува, во членовите 9-17 изнесува детален систем на регистрација на цркви, заедници и групи.
  2. Во овој поглед, Комисијата смета дека е корисно на почетокот да се повика на Препораките за ревизија на легислативата која се однесува на верата или убедува­њето, и посебно на принципите развиени од ЕКЧП во поглед на регистрирањето.
  3. Потребата една црква да биде регистрирана за да може да дејствува претставува мешање во правото на црквата-апликант и правото на другите апликанти на сл­обо­да на религијата, којашто се гарантира со член 9(1) од Конвенцијата.
  4. Секое мешање во слободата на религијата мора да ги задоволи барањата од чле­нот 9(2) од ЕКЧП, т.е. мора да биде „пропишано со закон“, да има легитимна цел и да биде „неопходно за едно демократско општество“.
  5. Барањето рестрикцијата да биде „пропишана со закон“ е со цел да се спречи мож­носта од произволно мешање во ова право. Ова се постигнува преку осигурување дека оние кои што се засегнати од законот ги знаат правилата. Законите мора да бидат доволно јасни и прецизни за да им се дозволи на оние кои сакаат да го прак­тикуваат правото, да го регулираат своето однесување и да ги знаат после­диците од нивните акции. Законите мора да укат на опсегот на дискреционото право на надлежните  да го регулираат практикувањето на правото и околностите во кои дискреционот право ќе биде применето со цел да се избегне можноста за произволно донесување на одлуки.
  6. Ограничувањата мора да се стремат кон легитимна цел, и на тој начин да бидат „во интерес на јавната безбедност, за заштита на јавниот ред, здравјето или мора­лот, или за заштита на правата и слободите на другите“. „Легитимните цели“ во однос на кои државата може да го ограничи практикувањето на ограничените пра­ва мора детално да се протолкуваат.
  7. При одлучувањето дали едно ограничување е неопходно во едно демократско општество“, мора да биде почитуван тестот на пропорционалност, имено: дали ограничувањето одговара на една неодложна општествена потреба; дали е про­порционално на утврдената легитимна цел, и дали причините за тоа ограни­чување се „релевантни и доволни“.
  8. Плурализмот е неразделив дел од едно демократско општество во рамките на зна­чењето на Конвенцијата. Верската слобода вклучува слобода на изразување на не­чија религија приватно или во заедница со другите и ова е особено важно за пра­шањетон регистрација на црквите, верските заедници и религиозните групи. Иако во одредени околности можеби ќе биде неопходно да се ограничи слободата на изразување на религијата каде неколку вери коегзистираат со цел да се осигура дека верувањата на сите се почитувани, државата мора да остане неутрална и не­пристрасна, и „да не ја отстранува причината за тензија преку елиминирање на плурализмот, туку да обезбеди спротивставените групи меѓусебно да се толери­раат“. Проценката на легитимноста на верските уверувања или „фаворизирање на одредени лидер или единици на поделена верска заедница“ би значело кршење на слободата на религијата.
  9. При регулирањето на областа на религијата, државата мора да остане неутрална и непристрасна.

 

Б) За задолжителниот карактер на регистрацијата на верски ентитет

 

  1. Според член 9.1. од ЕКЧП, гаранциите за слобода на религијата не се подредени на кој и да е специфичен систем или регистрација на верски ентитет.
  2. Венецијанската комисија смета дека, за жал, од формулацијата на предлогот не е јасно дали еден верски ентитет (црква, заедница, група) е обврзана да се реги­ст­ри­ра или не. Ниту е јасно дали не-регистрирањето значи дека членовите на одреден верски ентитет не можат да ја практицираат нивната религија.
  3. На средбата на 6 март, на делегацијата и беше кажано дека според Уставот, чле­но­вите на која и да е група, регистрирана или не, може слободно да ја прак­тику­ваат својата религија или уверување. Ова право е заштитено на уставно ниво и членовите на оние групи кои не се регистрирани можат да ја практицираат нив­на­та вера без никаков проблем сé додека не го прекршуваат јавниот ред или „пра­ва­та на друга група“.
  4. Венецијанската комисија смета дека нацрт законот треба јасно да укаже дека чле­новите на нерегистрираните ентитети можат слободно да ги практицираат нивни­те верувања.
  5. Комисијата укажува дека кога нерегистрираноста на еден верски ентитет влијае врз можноста за дејствување, тоа се сведува на мешање во значењето на член 9(2) од ЕКЧП.

 

В) Можноста за регистрирање

 

  1. Се чини дека членот 9 од нацрт-законот го заменува членот 8 од претходниот нацрт-закон, кој беше коментиран од страна на Советодавното тело на ОБСЕ-ОДИХР во мај 2006. Овој член 8, кој беше прилично контроверзен, гласи: „За една вера може да биде регистрирана само една црква, верска заедница или религиозна група“.
  2. Советодавното тело на ОБСЕ/ОДИХР беше на мислење дека споменатата одредба е неконзистентна со член 9 од ЕКЧП и другите меѓународни инструменти во од­нос на тоа дека „може да се разбере како спречување на регистрирање на оние кои се одвоиле од веќе регистрирани цркви, верски заедници или религиозни гру­пи. Таа, исто така, би можела да бара забрана на регистрација на спротивставени цркви, верски заедници или религиозни групи.
  3. Во овој поглед, потребно е да се спомене дека сите верски заедници присутни на состанокот на 6 март го изразија нивното жалење по повод бришењето на пора­нешниот член 8.
  4. Иако контроверзниот поранешен член 8 од нацрт законот е избришан, сегашниот член 9 е далеку од задоволувачки на неколку места и се чини дека води кон иден­тична цел како и поранешниот член 8, но на други начини.
  5. Нацрт-членот 9.3 пропишува дека црквата „ќе биде запишана...доколку црквата итн. не е веќе регистрирана, во контекст на овој Закон“.
  6. Венецијанската комисија смета дека не е јасно дали оваа формулација подразбира дека ист верски ентитет не може да биде регистриран повеќе од еднаш или дали фразата „која не е веќе регистрирана“ значи дека Единствениот Регистарски Суд (што е телото кое врши регистрација) треба да навлезе во индивидуалноста на секоја црква, верска заедница или религиозна група и да го практицира своето дискреционо право преку регистрирање на само една „деноминација“ од овој вер­ски ентитет.
  7. Религиите можат да поделат: се случувало неколку пати во минатото и може да се случи во иднината. Религијата од едно исто убедување може да се подели во раз­лични шизми, секој дел од истата религија треба да има право да се регистрира и да стекне легален статус, покрај другите права. Ако регистрирањето не е можно, тоа би бил сериозен упад во меѓународните барања во поглед на слободата на ре­лигијата.
  8. Покеај тоа, овој нацрт му го остава на јавниот авторитет, т.е. Судот во надлеж­ност на Регистерот-дискреционото право да навлезе и да ги споредува сличнос­ти­те или разликите помеѓу верските ентитети и последователно да навлезе во тео­лошките прашања. Ова ќе се смета според меѓународно сфаќање за неопходно ме­шање на државата во слободата на религијата или уверувањето. Комисијата смета дека споменувањето, на пример на зборот „ист идентитет“ ќе му ја препуш­ти на јавниот орган проценката за сличностите на две слични вери, и тоа не може да се смета за неутрален или непристрасен став, туку повеќе како прекршување на слободата на религијата.
  9. Сличен недостаток на јасност, на несоодветно мешање и оттаму работа за серио­з­на загриженост се однесува на член 9.4 кој вели дека „црквата, верската заедница и религиозната група“ која нема ист идентитет или не употребува исто или слич­но име на веќе регистрирана црква, верска заедница или религиозна група, ќе би­де запишана во надлежниот регистер“.
  10. На средбата од 6 март, делегацијата побара од подготвувачите на нацрт законот да го објаснат значењето на овие два члена.
  11. Иако беше потврдено дека секој има право да ги изразува своите уверувања, во по­глед на работите поврзани со регистрацијата се сметаше дека не може да се доз­воли една црква или верски ентитет да ги збуни верниците со тоа што има идентично име за друга црква. Предлагачите сметаат дека државата е должна да ја заштити јавноста од забуни и поради тоа треба да се дозволи да се одбие реги­страцијата на кој и да е верски ентитет кој доволно не може да се разликува од веќе регистрираните верски ентитети.
  12. Дали може да биде регистрирана повеќе од една деноминација или заедница на црква, верска заедница или религиозна група е прашање на сериозна јавна конт­роверзија во земјата. Посебно, предлагачите укажуваат дека регистрацијата на т.н. „ПОА“ ќе дојде во судир со веќе постоечката „МПЦ“.
  13. Покрај тоа, вниманието на делегацијата беше свртено кон фактот дека ова посеб­но прашање е исто така значајно како за историските така и за политичките ас­пек­ти на земјата.
  14. Според дискусиите, односите помеѓу државата и црквата отсекогаш биле многу блиски. Поради тоа, ќе претставува опасност за државата, нејзиниот интегритет и интересот на нејзините граѓани да видат како еден верски ентитет кој може да поддржува странски интереси, има правен статус во земјата.

 

Д) Име на верски ентитет

 

  1. Нацрт-законот во членовите 9.4 и 10.4 ја споменува неможноста од регистрирање или дури од употреба на одредени зборови.
  2. Во нацрт-членот 9.4 верски ентитет не може да биде регистриран ако има или употребува„ исто или слично име на веќе регистрирана црква, верска заедница или религиозна група“, а нацрт членот 10.4 гласи: „Името и ознаките на една црк­ва, верска заедница или религиозна група не може да содржат официјални имиња и ознаки на други држави“.
  3. Тука повторно е нејасно дали овие ограничувања можат да се сметаат за законски во поглед на стриктното барање од членот 9.2 од ЕКЧП.
  4. Штитењето на верниците од забуна, како што беше расправано на средбата од 6 март, не може да се смета за доволна причина за мешање во правата.
  5. Оваа одредба се чини дека се однесува на една специфична ситуација во земјата, каде една црква има прилично слично име со друга, и исто така содржи име на друга земја. Неразумно е ограничувањето каде таквото име или ознаки би биле релевантни или соодветни. Според Комисијата, оваа одредба треба да се избрише.
  6. Комисијата сака да го истакне фактот дека законот за правна положба на религи­јата или уверувањето не треба да цели да одговори на одредениот факт или спе­ци­фична ситуација која може да се смета за проблематична од државните автори­тети или дел од јавното мнение за одреден момент каде ова би ги загрозило пра­ва­та.
  7. Не може да се смета ниту дека името на еден верски ентитет треба да биде зашти­тено од државните органи на ист начин како и име кое би било заштитено според законот за индустриска сопственост или законот за трговски жигови и кои, на при­мер, ќе спречат некого да го употребува истото име и ќе бара да ги заштити потрошувачите од забуна.
  8. Регистрацијата на еден верски ентитет не може да се изедначи со регистрација на трговски жиг. Особено што во вториот случај мора да се докажат новитетот и ори­­гиналноста, што во случај со православието би било тешко да се покаже. По­крај новитетот и оргиналноста, потребен е дистинктивен елемент за да се зашти­тат потрошувачите. Овој дистинктивен елемент би постоел бидејќи во контро­верз­ното прашање кое што во моментот е во опасност во земјата постои еден дис­тинктивен елемент со чија помош една црква се однесува на името на една држа­ва, додека друга црква се однесува на друга држава. Затоа, сведувањето на реги­страцијата на „името на“ верскиот ентитет на регистрирање и заштита на тргов­ски жигови, не е релевантно.
  9. Според мислењето на Комисијата не произлегува дека ограничувањата предложе­ни во нацрт-законот за правото на регистрирање се оправдани. Иако илегалната активност која го загрозува јавниот ред во одредени околности може да го оправ­да мешањето во слободата на религијата, мора да постои доказ за таквата актив­ност, но нацрт законот не обезбедува вакви докази кои ќе бидат предуслов за од­би­вање на регистрацијата.

 

Е) Формалности за аплицирање за регистрацијата

 

  1. Членовите 12 и 13 од нацрт законот ги наведуваат неопходните процедури.
  2. Се чини дека и двете барања се далекусежни, нејасни во поглед на нивните цели и потребно им е поедноставување. Тука повторно Венецијанската комисија се пра­шува за законитоста според меѓународните стандарди на некои од овие проце­дури. Од верскиот ентитет се бара да прикаже одредена „програма за работа“. Иа­ко на делегацијата и беше кажано дека ова барање е од формална природа и дека судот нема да навлегува во компонентите на оваа програма, Комисијата препора­чува нејзино бришење. Тоа може да се смета како незаконско прекршување на сло­бодата на религијата, особено што формалната природа на ова барање или си­те процедури не се јасно специфицирани во нацрт законот.
  3. Истото се однесува и на неопходноста да се докаже националноста или постоја­но­то живеалиште на основачот на верскиот ентитет. Комисијата се прашува зош­то основачот треба да биде назначен или дури и да постои во секој верски енти­тет.
  4. Формулацијата на нацрт членот 13 е подеднакво контроверзна. Тешко е да се даде „опис на обележјата и знаците кои ќе ги користи“ еден верски ентитет, би­дејќи низ вековите голем број од овие знаци се создадени и можат исто така да би­дат и во иднина. Слично, опишувањето на „начинот на изразување на верата или богослужбата“ или „областа во која црквата ќе ги изведува своите активнос­ти“ бара доста, и ако оваа информација е потребна за регистарскиот суд да може да ја оцени валидноста на верувањата или активностите на црквата, Комисијата може само да да повтори дека ова не е дозволиво.
  5. На делегацијата и беше кажано дека овие специфични процедури се веќе актуел­ни и дека се чисто формални. Тие се ставени во нацртот на барање на актуелните верски ентитети. Во овој поглед, Венецијанската комисија строго ги повикува вер­ските заедници да ги земат в предвид развоите на актуелните меѓународни ба­рања.
  6. Овие нацрт барања можат да водат кон предрасуди во процесот на регистрирање на верски ентитет и дури и во фундаменталните права за слободата на религијата на нивните членови.
  7. Ова исто се однесува и на член 15 од нацрт законот кој специфицира дека сите овие барања треба да се споменат во одлуката на судот со која се регистрира вер­скиот ентитет. Потребата да се спомене „областа“ во која религиозната група ги извршува своите активности, на пример, може да ја наруши слободата на практи­цирање на нечија религија.
  8. На делегацијата и беше кажано дека овие барања имаат цел главно да ја инфор­ми­раат јавноста, која има пристап до базата. Венецијанската комисија смета дека оваа цел може да се постигне и на други начини и ги потсетува предлагачите дека правото на слобода на религијата и верувањата го вклучува правото некој да ја практицира својата религија секаде, а не само во ограничени области.

 

Д. Верска служба, молитва и верски обред

 

  1. Венецијанската комисија ги разбира и поздравува одредбите од нацрт членот 18.1 и тие треба да се сфатат како дозвола за вршење на верски дејности и во јавната и во приватната сфера.
  2. Како и да е, претходната оценка од страна на Советодавното тело на ОБСЕ/ ОДИХР во 2006 се уште важи.
  3. Според нацртот дозволена е забрана на верски служби кои го „нарушуваат јав­ни­от ред и мир“ каде и да се појавуваат, а не само „!во други јавни и приватни про­стории и места“ кои не се оние кои што се предвидени во нацрт членот 18.1.
  4. Ограничувањето на извршување на „верски обреди“ во верски објект“ само на „ре­гистрирана црква ... или со нејзина дозвола“ според Венецијанската комисија е прекумерно.
  5. Потребна е дефиниција на терминот „верски обреди“со цел да се знае обемот на ова ограничување.
  6. Нацрт-членот 18.6 воведува кривичен прекршок. Како и да е, не е јасно што вклу­чу­ва „погрешно претставување како официјално лице и злоупотреба на верска об­лека или обележја“. Ова се пропишува како кривичен прекршок и термините мо­ра да бидат јасни за да им се овозможи на луѓето соодветно да се однесуваат.
  7. Во поглед на „дозволите за планирање во нацрт членот 19, не е јасно зошто е не­оп­ходно да постои специфична одредба со која се уредува „дозвола за планира­ње“ на верски објект. Ова во принцип треба да се регулира со општиот закон за вакви прашања. Одредбата според која од органите се бара да издаваат дозвола за планирање за градба на верски објект „врз основа на претходно издадено мисле­ње од регистрирана црква ...“ е проблематично затоа што нејзиниот ефект може да биде ограничување на активностите на новите цркви или деноминации со тоа што тие ќе бидат зависни од другите регистрирани цркви. Не е јасно дали ова ог­раничување има легитимна цел или е пропорионално. Венецијанската комисија препорашува бришење на оваа одредба или барем објаснување дека мислењето на еден регистриран ентитет не е обврзувачко.

 

Е. Веронаука

  1. За време на средбата во Скопје на делегацијата и беше кажано дека релевантните одредби беа насочени главно кон две главни цели: да овозможи на секој верски ентитет да организира свое верско образование, и второ, законот треба да ја отво­ри вратата за верско образование во јавните институции, на пример во јавните учи­лишта што би се разликувало од верското образование кое го обезбедуваат вер­ските ентитети.
  2. Двојната цел не произлегува јасно од нацрт-законот, што треба да се појасни.
  3. Сегашниот нацрт дозволува во нацрт членот 21 црквата „да има право да органи­зи­ра веронаука“. Членот укажува дека ваквата веронаука „треба да се одржува во простории каде што се вршат верски обреди и други форми на јавно манифести­ра­ње на верата, како и во други јавни и приватни простории и места, под услов вр­шењето на веронаука да не го нарушува јавниот ред и мир“.
  4. Генерално, државното уредување на образование е дозволива. Сепак, законот не смее да ја ограничува слободата на изразување на религијата ако целта е легитим­на. Доколку овој дел од нацрт-законот се однесува само на регистрираните енти­те­ти, имајќи ги на ум претходните коментари на планот на законот во поглед на регистрирањето, следи дека ваквото ограничување во областа на образованието би било недозволиво. Венецијанската комисија препорачува ова прашање да се појасни.
  5. На крајот, во поглед на верското образование во јавните училишта, Венецијан­ската комисија смета дека нацрт законот треба да спомене дека овие предавања треба да ја почитуваат различноста на религиите и уверувањата.

 

V. ЗАКЛУЧОЦИ

 

  1. Нацрт законот ги опфаќа општите принципи во поглед на гаранцијата на слобода­та на религијата или уверувањето во вистинска смисла.
  2. Како и да е, деталот на овој нацрт-закон е често нејасен во поглед на неговиот обем и цели и потребни се понатамошни измени и дополни со цел да се избегне каква и да е дискриминација или незаконско мешање на државата во правата на вер­ските ентитети и нивните членови.
  3. Посебно вниманието треба да се посвети на разгледување на статусот и правата на нерегистрираните верски ентитети, процесот на регистрација и поврзаните прашања, слободата на религија и на верската практика.
  4. Венецијанската комисија нагласува дека новиот закон кој се однесува на религи­јата или верувањето не треба само да ја потврдува постоечката ситуација која прет­ходно се сметала за задоволителна во земјата100.                      Новиот закон за слобода на религијата мора да создаде соодветна рамка за сегашното и идното практицирање на релевантните права во согласност со меѓу­на­родните стандарди како што се интерпретирани од Европскиот суд за човекови права.
  5. Усогласноста со меѓународните стандарди е клучна за една земја која како „поранешна Југословенска Република Македонија“ ги има ратификувано Европ­ска­та конвенција за човекови права и други меѓународни инструменти и го прави меѓународниот закон дел од националниот закон.
  6. Венецијанската комисија ја разбира ситуацијата која преовладува во земја­та на верско поле, но е целосно убедена дека може да се најде решение за посеб­ни­те потреби и во исто време согласување со стандардите.
  7. Венецијанската комисија ги охрабрува властите на БЈРМ да го изменат и дополнат нацрт законот и им стои на располагање додека го прават тоа.