Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

                                                               07.06.2013 год СООПШТЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ ВО ВРСКА СО НЕИЗГРАДБАТА НА ЦРКВАТА СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА

 

Духовната традиција на македонскиот народ силно се потпира врз вербата во Бога и црквата. Тој вознес и духовно просветлување нe одржувало нас Македонците низ вековите и ние сме обврзани да ги чуваме и зачуваме и во добро и во зло, зашто тие се нашата сегашност и нашите победи. Само мрачните сили на деструкцијата се креваат против Бога, црквата и културата.

 

Г-дине Жерновски, зарем денес и Вие треба да бидете олицетворение на тие мрачни и деструктивни сили? Дури ни Хитлер не се дрзна во екот на Втората светска војна да ги уништува духовните храмови на народите. Зарем Вие ќе се ставите над неговата улога? Наместо да градите културни и духовни храмови, Вие ги уривате! Потсетете се само на монахот од Нерези во 1550 година кој возбудено изјавил: „Ги срушија сите цркви и духовни храмови во Скопје“. Немојте да нe ставате како народ во улогата на тој средновековен монах и ние да бидеме неми набљудувачи на рушење и неизградба на божјите храмови и со тоа да им испратиме негативен сигнал на меѓународните фактори кои најмногу ја анализираат и ја почитуваат мултикултурноста, разноликоста и верската слобода.

 

Македонија е нашиот крст, судбоносниот крст кој не тераше да не се колебаме, крстот не признаваше половичност, преиспитување, страв, лелеавост кон градење на Македонската нација. Сите црковни градби се вечни, вековити затоа што душите на светците си најдоа уточиште под сводот македонски, вечни се дека и срцата и походот и желбата и љубовта нивна за Македонија беа вечни. Македонската црква е корабија за сите оние кои не се плашеа од смртта, таа е нашето растење, таа е резба на македонскиот дух. Нашата црква е концентрација на убавината, нов импулс за сите генерации и извишување пред сите невозможности.

 

Господине Жерновски, црквата Св. Константин и Елена е душата и срцето на Скопје. Тука се крштевале рожбите, тука на пат кон вечноста се испраќале најмилите, вршени се причестувања. Ореолот на светоста и божјото просветлување никој не го стекнал со деструкција, туку со градење и отворање на нови простори за спојување на народите и на човекот со Бога.