Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

04.03.2015 г директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска за утрински весник околу ПРИЗНАВАЊЕто  НА ВЕРСКИТЕ УЧИЛИШТА

Валентина Божиновска, претседателката на Комисијата за односи меѓу верските заедници, вели дека според Законот за верски заедници, верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и студенти ги имаат истите права и обврски


Со вклопување на верските средни училишта во образовниот систем ќе се надмине една долгогодишна неправда - матурантите повеќе нема да бидат дискриминирани пред високо-образовните институции и ќе може да се запишат на некој од државните факултети.

Упатените во оваа проблематика ја поздравија иницијативата на министерот за образование Абдилаќим Адеми и поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, конечно, да се стави крај на изолираноста на верските средни училишта кои засега функционираат под патронат на верските заедници.

Услов за таа интеграција, според професорот по социологија на религија, Зоран Матевски, е приспособување на наставните програми во верските училишта со државните наставни програми преку Бирото за развој на образованието. Во таков случај учениците, покрај стручните верски предмети, ќе мораат да ги изучуваат и другите предмети пропишани со програмите.

Тој гледа најмалку три погодности од евентуалното решение на проблемот. Прво, вели Матевски, државата ќе има увид во она што се работи во средните верски училишта. Тоа, според него, не значи дека таа ќе биде класичен контролор. „Тука мислам на можноста, при една претпоставена ситуација, да спречи провлекување на одредени програми кои содржат религиски фундаментализам и кои не се во согласност со принципите на државниот образовен систем“, вели Матевски.

Според него тоа ќе биде голем бенефит и за наставниот кадар. Во таков случај, додава тој, средните верски училишта ќе влезат во буџетската рамка, што значи дека кадарот ќе биде материјално посигурен, за разлика од сега кога, според негови сознанија, платите доцнат со месеци.

Конечно, според Матевски, решението носи и научен бенефит. „И ние како социолози на религија или филозофи на религија ќе може да соработуваме со нив и да работиме заедно на наставниот план и програма, како и да предаваме како што е, да речеме, во Србија“, вели Матевски, кој смета дека Богословскиот факултет и Факултетот за Исламски науки, кои сега имаат статус на придружни членки на УКИМ, треба да станат постојани.

Валентина Божиновска, претседателката на Комисијата за односи меѓу верските заедници, вели дека според Законот за верски заедници, верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и студенти ги имаат истите права и обврски. „Учениците повеќе нема да бидат дискриминирани. Зошто некој од нив да не може да се запише на Правниот факултет?“ - вели Божиновска. Со одредена методологија верските средни училишта ќе се реорганизираат и преструктурираат, што, според неа, е добра насока. „Ние никогаш не сме престанале да го актуализираме овој проблем. Мора да се изнајде решение, со што не би се рушеле човековите права и можностите на секој поединец според европските резолуции“, вели Божиновска.

Според неа, за да се постигне тоа не би требало да се интервенира во законот за средно образование, туку треба да се донесе нов закон со кој ќе се регулираат средните верски училишта.

Министерот за образование Абдилаќим Адеми по средбата со поглаварот на ИВЗ, пак, рече дека засега не е конкретизирано како би се реализирала замислата - со нов закон или со измена на Законот за образование. Целта, според, Адеми е овие училишта да бидат запишани во регистарот на училишта. „Тие во моментов не се запишани во регистарот и учениците таму не полагаат државна матура, а со неполагање на матурата тие се ограничени да се запишат на факултет. Овие проблеми сакаме да ги надминеме заеднички со верските заедници“, изјави Адеми.