Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

14.04.2017г. по повод големиот христијански празник воскресение христово-велигден директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки до неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. стефан.

 

ДО

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г. Г. СТЕФАН

 

 ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 


Ваше Блаженство,

 

      Дозволете ми во овие прекрасни мигови на велигденска радост и вистинска љубов, да Ви упатам Вам, како и на членовите на Светиот Синод, и на сите православни верници на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија во земјава и во странство, срдечни честитки по повод празникот над сите празници - ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО-ВЕЛИГДЕН.

               Во духот на вековното македонско празнување, и годинава камбаните гордо бијат во македонските цркви одбележувајќи го празникот над сите празници - Воскресение Христовото-Велигден. Возвишен  е овој ден зашто е празник во кој торжествува животната радост и од кој извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. За да го доживееме воскресението Христово, потребно е и ние да се утврдиме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела.

               Како народ на верата, нашето богољубие и правдољубие отсекогаш биле духовната сила со која успешно сме одговарале на сите предизвици. Македонски народ во својата историја безброј пати се искачувал на Голготата на прогонствата и страдањата, но на крајот, секогаш победувал со сјајот на неговите добри дела и благочестивост. Само така, обединети околу учењето на милосрдието можеме заедно нашата татковина да ја направиме поубава за сегашните и идни генерации. Прославувајќи го Христовото воскресение да ја прославиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Цврсто втемелени во верата и добродетелството, да шириме светлина и радост во секој дом и во сечие срце. 

Нека ни е честит Великиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нe обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме  она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.

 

Нека е за многу години големиот празник! 

 
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 
Директор

 Проф. д-р Валентина Божиновска