Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Литија во Струмица на годишнината од пристигнувањето на светогорската икона Пресвета Богородица Брзопослушница.

На 11.03.2018 година во Струмица во храмот посветен на Св." 15 Тивериополски свештено маченици" беше отслужена света архиерејска литургија чиноначалствувана од Митрополитот Пимен, во сослужение на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Струмички Наум и Митрополитите Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски Јосиф.

 После литургијата многуброен народ се приклучи во литијата низ градските улици до градскиот плоштад каде до споменикот на великанот Гоце Делчев се одржаа молитвословие и пригодни беседи. На покана на Митрополитот г. Наум на чествувањето присуствуваше директорот на Комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски, кој ја искажа радоста што присуствува на овој величествен чин и своите желби да опстои традицијата и секогаш на овој ден струмичани да се сплотени како денес.