Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

23.10.2015г. директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска присуствуваше на осветувањето на црквата сб. Петка во Точила Прилеп. Со чинот на осветување на црквата чиноначалсвуваше архиепископот охридски и македонски гг стефан.


После осветувањето, се отслужи Света Божествена Литургија, на која сослужуваше деканот на Православниот богословски факултет, протоереј-ставрофор Ацо Гиревски, архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архимандритот Никола Трајковски, игуменот  Григориј Настевски, како и повеќе свештенослужители од Преспанско-пелагониската епархија.

Оваа заедничка радост за градот Прилеп ја споделија и претставници од локалната и државната власт, претседателката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска, пратениците во Собранието Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска,  градоначалникот на градот Прилеп, Маријан Ристевски, претставници од бизнис секторот: Симо Наумовски – „Витаминка“ Прилеп, и Ирена Јакимоска – „Комфи-Ангел“, ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, како и мноштво православни верници, кои несебично ја помагаа изградбата на овој свет храм.