Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

31.01.2012Г СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД НАСТАНИТЕ ВО СТРУГА ОД КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ 

 

      Почитувани,

 

 

            Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи како државен орган одго­во­рен за почитувањето на верските права и слободи во Република Македонија и државен орган кој ги следи активностите на верските заедници со жалење констатира дека настани­те во Вевчани, Октиси, Лабуниште, Струга го разнишаа верскиот соживот во Република Македонија. Тоа е крајно неприфатливо во пе­ри­од кога Република Македонија и од Ев­роп­ската Унија и од Стејт Департментот добива највисоки позитивни оценки за почиту­ва­њето на верските права и слободи.

             Ја истакнуваме и долгогодишната заложба на верските ли­де­ри и нивниот меѓусебен толерантен однос кој во Република Македонија ста­на импе­ра­тив за меѓусебно разбирање. Ги осудуваме настаните кои се случија во изми­на­тиов период, а кои за жал, никому не одат во прилог, особено не во период кога Република Ма­кедонија се нао­ѓа пред решавање на важни политички прашања.

             Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи повикува на мирен тон, дијалог на сите засег­на­ти страни низ јавни дебати, институционално да ги решаваме недоразбира­њата, инс­титуционално да ги изразиме ставовите, сé со цел да се надминат различните пер­цеп­ции око­­лу настани­те, а воедно сите заедно да создадеме клима на меѓусебно почитување и раз­би­­рање.

            Во склад со имиџот којшто Република Македонија отсекогаш го имала како др­жава - лидер з а градење на мирот, стабилноста, меѓуверската хармонија и толеранција. Но, истовремено, да бидеме буд­ни како институции за скриениот зад завеса можен верски фанатизам, кој би го обез­ли­чил вековниот верски соживот во Република Македонија. И во­едно укажуваме во духот на Светите книги, Библијата и Куранот, дека верата не познава насилство, туку пат на безусловна љубов и разбирање, никогаш не заборавајќи дека и во сите свети книги најблиски до Бога му се токму миротворците.

 

 

 

Со почит,

 

                                                                     Директор

                                                          м-р Валентина Божиновска