Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Во Клубот на пратеници се одржа средба на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-дин Даријан Сотировски и челниците на цркви, верски заедници и религиозни групи регистрирани во Република Македонија.
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден бискупот Киро Стојанов служеше воскресна велигденска литургија во храмот „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.
На ден 30.03.2018  делегација на КОВЗРГ предводена од раководителот Зорица Ковачевиќ Ангеловска присуствуваа на традиционална пасхална вечера во рамки на одбележувањето на големиот еврејски празник пасха.
21.03.2018г За време на посетата на градот Охрид, покрај состаноците со претставници на верските заедници и локалната власт, директорот на Комисијата за односи со верските заедници се сретна и со претставниците на здружението „Совест“, кои долго време јавно искажуваат загриженост поради градежни работи на Али Пашината Џамија во Охрид.
На 21.03.2018 година директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски го посети Заводот за заштита на културното наследство Охрид, каде оствари работен состанок со директорот на Заводот г-ѓа Елеонора Новаковска.
На 21.03.2018 година во охридското муфтиство се одржа средба помеѓу охридскиот муфтија г. Самет еф. Хајдари и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-дин Даријан Сотировски.
На 12.03.2018 година во Собранието на Република Македонија се одржа свечена комеморативна седница, каде беше прочитана усвоената декларација од парламентарците по повод годишнината од депортацијата на македонските евреи во логорот на смртта Треблинка.
На 11.03.2018 година во Струмица во храмот посветен на Св." 15 Тивериополски свештено маченици" беше отслужена света архиерејска литургија чиноначалствувана од Митрополитот Пимен, во сослужение на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Струмички Наум и Митрополитите Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски Јосиф.
На 05.03.2018 година директорот на КОВЗРГ во својот кабинет го прими почитуваниот декан на Богословскиот факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. На средбата се разговараше за прашања во взаемен интерес, како и за продлабочувањето на соработката.
На 05.03.2018 година во кабинетот на претседателот на Евангелско Методистичката Црква во Македонија се одржа средба помеѓу директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски и претседателот на ЕМЦ г-дин Емил Заев
На 02.03.2018 година во седиштето на Исламската верска заедница во Република Македонија, беше одржана средба помеѓу директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски и поглаварот на ИВЗ Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф Реџепи.
На 01.03.2018 година во седиштето на ЕЗРМ во Скопје, директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски оствари средба со г-ѓа Берта Романо Николиќ претседател на Еврејската заедница во Македонија.
На 01.03.2018 година во резиденцијата на поглаварот на Католичката црква во Македонија се одржа средба помеѓу Бискупот Скопски и Апостолски егзарх во Македонија д-р Киро Стојанов и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски.
On March 1, 2018, a meeting between the Bishop of Skopje and the Apostolic Exarch in Macedonia was held in the residence of the head of the Catholic Church in Macedonia Kiro Stojanov and the Director of the Commission for Relations with Religious Communities and Groups Mr. Darijan Sotirovski.
На 27.02.2018 година директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-дин Даријан Сотировски ја посети општина Сарај,
На 26.02.2018 година во кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, се одржа средба меѓу Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и новоименуваниот директор на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
На 24.02.2018 година директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски заедно со потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и заменик министерот за локална самоуправа г-дин Дејан Павлески присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на градот Кратово во чест на Св. Новомаченик Ѓорѓи Кратовски, заштитник на овој древен македонски град.