Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО - БОЖИЌ ДИРЕКТОРОТ НА КОВЗ ПРОФ.Д-Р ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО БИСКУПОТ СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ Д-Р КИРО СТОЈАНОВ И ДО СИТЕ ВЕРНИЦИ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

ДО

БИСКУПИЈА СКОПСКА

ОРДИНАРИЈАТ НА СКОПСКА БИСКУПИЈА
БИСКУП СКОПСКИ И АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХ
Д-Р КИРО СТОЈАНОВ

 

 

     ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 

Почитуван Превозвишени Бискупе,

     

Во овие возвишени празнични мигови дозволете ми Вам лично, на Вашето свештенство и монашки заедници, како и на сите верници од католичка вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник- РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО-БОЖИЌ.

Празникот Раѓањето Христово-Божиќ е симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата. На денешниот ден, срцата на милиони верници се допрени од радосната вест за раѓањето на Спасителот-Исус Христос. Не постои поголем празник кој побудува толкава радост, љубов и хармонија, кој обединува и зближува со силата на љубовта и верата, како празникот на Божјото раѓање. Универзалните вредности на овој празник: љубовта кон ближните, споделувањето и милосрдието се духовен патоказ во животот не само на секој христијанин, туку и на секој човек воопшто. Тоа се вредности кои сите заеднички треба да ги негуваме за остварување на мирот и општата благосостојба, во градењето на светла иднина за нас и за нашите поколенија.

На овој голем христијански празник, Ви посакувам многу здравје, радост, топлина и разбирање во Вашите домови и семејства, и во духот на големата божиќна љубов, да ги отвориме нашите срца уште еднаш да ја примат оваа најрадосна вест, радувајќи се на љубовта со која Бог го благослови целиот свет.

 

            ХРИСТОС СЕ РОДИ!   

 

 

      Директор

        Проф. д-р Валентина Божиновска