Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

ЧЕСТИТКА УПАТЕНА ОД ДИРЕКТОРОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ ПО ПОВОД МУСЛИМАНСКИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ ДО РЕИСОТ НА ИВЗ И ДО СИТЕ ГРАЃАНИ СО ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕД

 

           Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, м-р Даријан Сотировски упати срдечни честитки до Реисот на Исламската верска заедница во Република Македонија, до членовите на Ријасетот, муфтиите и имамите, како и до сите граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам:

          „Овој празник нека Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Љубовта и грижата за најблиските нека бидат поттик за среќа и опш­та благосостојба на сек­ој граѓанин во општеството. Нека потсетува постојано на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање, дијалог и толеранција како суштински услови за мир, соживот и среќа.

           Помагајќи им на оние кои им е најпотребно, сочуствувајќи со нив, чекориме заеднички на патот кон доброто. Само со заедничко и меѓусебно разбирање можеме да ја градиме светлата иднина за сите нас“.