Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
ЗАКОНСКИ АКТИ И ОДЛУКИ

 

 

 

 


 

                                                                                                        

 

                                                                                          

 

 

 

СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА ПЕРИОДОТ 2017—2019 ГОДИНА  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И 

 

 

 РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

 

 

 

 

 

 

 


 

                                                                                                        

 

                                                                                          

 

 

 

СТРАТЕШКИ ПЛАН

ЗА ПЕРИОДОТ 2017—2019

ГОДИНА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                Скопје, 2016

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Ре­­пуб­лика Македонија го започнува циклусот на подготовка на Стратеш­киот план за пе­рио­дот 2017-2019 година. И во наредниот период како при­марни цели и за­да­чи на Комисијата со која раководам остануваат мак­сималната ангажира­носта за про­мовирање на земјата во све­тот, одбра­ната на нејзините ви­тал­ни национални ин­тереси, заштитата на инте­ре­сите на граѓаните и нивниот национален иден­­­титет, како и соодветната афир­ма­­ција на дос­тиг­ну­ва­њата на земјата на си­те полиња, особено во полето на почи­ту­вање на чо­вековите права и правото на слобода на вероисповед.  

 

Со Стратешкиот план 2017-2019 година дава­ме пре­сек на ос­нов­ните за­лож­би на Комисијата за односи со верските заедници и рели­ги­оз­ни гру­пи, про­грам­ските цели и определби, постигна­ти­те ре­зул­­та­ти, како и плановите, за­лож­­би­те и очеку­ва­њата за наредниот период. Со де­фи­ни­­ра­њето и спро­ве­ду­ва­ње­­то на зацр­та­ните политики, Ко­ми­сијата за односи со верските заедници и ре­­ли­гиоз­ни групи дава значаен при­до­нес за ис­полнувањето на крајната цел на Вла­­­дата на Ре­пуб­­лика Маке­до­нија: подобар и дос­то­инст­вен жи­вот на сите гра­ѓа­­ни во прав­но изгра­де­на и ев­роп­ски профилирана др­жава, ин­тегрирана во ев­роп­­ските и евроат­лант­­ски­те структури.

 

Како Директор на Комисијата за односи со верските заедници и рели­ги­оз­ни гру­пи убедена сум дека органот со кој раководам располага со капацитет што ќе овоз­мо­жи целосна и успешна реализација на Стратешкиот план 2017-2019 година.

 

Со почит,

 

Комисија за односи со верските заедници

и религиозни групи

Директор

Проф.д-р Валентина Божиновска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1.1       ВОВЕД

 

Стратешкиот план на Комисијата за односи со верските заедници и рели­ги­оз­ни гру­пи е среднорочен план на активности за периодот 2017-2019  година кои прет­ста­ву­ваат ос­но­ва за дефинирање и реализација на општите и конкрет­ни цели на Коми­си­јата, во со­гласност со Одлуката за утврдување на стратешките приори­те­ти на Вла­дата на Репуб­лика Македонија во 2017 година (Сл.бр.115/16). Во согласност со интегралниот систем на планирање и буџетирање, овој Стра­тешки план е при­­дружен документ на буџетската пресметка на Комисијата за односи со вер­ски­те заедници и религиозни групи за 2017 година, во согласност со Законот за буџетите на Република Македонија (Сл.бр.192/15). Во Стратеш­киот план на Комисијата за односи со верските заед­ни­ци и ре­ли­ги­озни групи за 2017-2019 година се содржани целите и задачите на организа­цис­ките единици и на Комисијата во целина, активностите за оствару­ва­ње на тие цели, како и ефектите и резултатите на истите. 

                                                                                                                                    Преку реализирање на активностите од Стратешкиот план, Комисијата за од­но­си со верските заедници и религиозни групи треба да одговори на обврс­ки­те што про­из­легуваат од нејзините надлежности утврдени со Законот за орга­ни­зација и работа на органите на државната управа, Програмата на Владата на Ре­публика Ма­кедонија и Законот за правната положба на црква, верска заед­ни­ца и религиоз­на група („Сл.весник на РМ“ бр.113/07). 

 

 

 

1.2       МИСИЈА

 

                                                                                                                                                            Комисијата за односи со верските за­ед­ни­ци и религиозни групи  e орган на др­жав­ната управа чија основна цел е да ги разрешува сите прашања коишто ќе се појават помеѓу црквите, вер­­ските заедни­ци и религиозните групи и држав­ни­те органи.

 

 

 

1.3       ВИЗИЈА

 

            Одржување и унапредување на меѓуверските односи, а со тоа и на меѓу­ет­нич­ки­те односи, врз принципите на верска толеранција и подеднаков трет­ман на сите вер­ски субјекти пред законот.


1.4       ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ       ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

Задачите и обврските на Комисијата за односи со верските заедници и ре­­ли­ги­оз­ни групи се утврдени со Законот за организација и работа на органите на др­жав­ната уп­ра­ва и Законот за правната положба на црква, верска заедница и ре­ли­­ги­озна група и тие се во функција на:

-          доследно спроведување на Законот за правната положба на црква, вер­ска заед­ни­­ца и религиозна група и обврските кои поризлегуваат од него;

-           унапредување на слободата на вероисповедта;

-           унапредување на положбата на верските заедници и религиозни групи во општеството;

-           создавање услови за еднаков третман на сите цркви, верски заедници и ре­ли­ги­оз­ни групи и клима за меѓусебен дијалог;

-           остварување на правата на црквите, верските заедници и религиозните гру­­пи кои про­излегуваат од Законот за денационализација, Законот за пен­зиско и ин­ва­лидско осигурување и сл.;

-           вклучување на средношколските и високошколските образовни институ­ции на Македонската Пра­во­слав­на Црква – Охридска Архиепископија и Ис­ламската верска заед­ни­ца во др­жав­ни­от образовен систем на Репуб­ли­ка Македонија;

-          издавање решенија за одобренија за престој на странски мисионери, мис­лења за градба на верски објекти на територијата на Републи­ка Ма­ке­донија,

-          давање мислења за донации од јавен интерес наменети за верските за­ед­­ни­ци и нивните потреби;

-          промоција и активен придонес во изградбата на политиката на мирното разре­шу­ва­ње на меѓуверски конфликти;

-           создавање на клима на дијалог помеѓу црквите, верските заедници и ре­ли­гиозните групи;

-           афирмација на религиозните вредности на Република Македонија;

-          јакнење на соработката со Македонските православни црковни општини во дијаспората;

-          промоција и заштита на македонскиот национален идентитет во услови на гло­ба­­лен диверзитет на нации, религии и култури;

-          промоција на мултиконфесионалниот карактер Република Македонија како пример за почитување на различните вери и верски соживот.

  

1.5       СПЕЦИФИЧНОСТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ И     РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

КОВЗРГ ги обезбедува сите услуги коишто се поврзани со делувањето на црквите, верските заедници и религиозни групи, нивните односи со Владата и Собранието на Република Македонија, како и со други органи на државната управа, судските власти, со домашни и странски владини и невладини организации, и т.н. Коми­си­­јата ја следи рабо­та­та на 33 цркви, верски за­ед­ници и рели­ги­оз­ни групи коишто се ре­гистрирани правни субјекти во Ре­пуб­лика Македонија, од кои Ма­ке­дон­ска­та Право­слав­на Црк­ва–Охридска Архи­епи­скопија, Исламската верска за­ед­ни­­ца, Като­лич­ка­та црква, Еван­гел­ско-Мето­дис­тич­ката црква и Еврејската заед­ни­ца се по­себ­но ис­так­нати во Уставот на Република Ма­кедонија за­ради нивното тра­­диционално и дол­го­го­диш­но пос­тое­ње на овие простори.

 

  

1.6       СТРУКТУРА НА КОМИСИЈАТА

 

Со Правилникот за систематизација на работните места во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи се утврдува вкупниот број на вработените (административни служ­беници, помошно – технички лица), распоредот, шиф­­рата, називот и описот на работните места по организациони единици и посебните ус­­лови потребни за извршување на работите и на задачите на одделните работни места.

Со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни гру­пи  рако­во­­дат Ди­рек­тор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функцио­нери на Вла­да­та на Република Македонија. 

 

Организациони единици во Комисијата, согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа се 2 сектори и 4 одделенија, и тоа: 

 

1.

Сектор за соработка со црква, верска заедница и религиозна група и про­токол

 

1.1

Одделение за соработка со црква, верска заедница и религиозна група

 

1.2

Одделение за протокол и одбележување верски празници

 

2.

Сектор за соработка со државни институции, документација и административна поддршка

 

2.1

Одделение за соработка со државни институции, документација и односи со јавност

 

2.2

Одделение за административна поддршка

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1.7        АНАЛИЗА НА ВНАТРЕШНАТА СОСТОЈБА, НАДВОРЕШНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ, УТВРДУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ И ЗАКАНИ НА КОМИСИЈАТА (SWOT АНАЛИЗА)

 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е флексибилно организирана и лесно прилагодлива кон исполнување на барањата од корисниците на услуги. Корисници на услугите на КОВЗРГ се регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи, органите на државната управа, домашни и странски владини и невладини организации, дипломатско-конзуларни претставништва на РМ во странство и странски дипломатско-конзуларни претставништва во РМ и сите кои имаат потреба од одредена услуга од КОВЗРГ.

 

Анализата на надворешното и внатрешното опкружување на Комисијата, како и утврдувањето на нејзините потенцијални можности и закани, ги развија клучните елементи на нејзиниот стратешки план, како што се нејзината мисија, визија, утврдувањето на нејзините стратешки приоритети и цели.


 

 

 

ПРЕДНОСТИ

-          Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е еден од најстарите државни органи. Од 1951 година, па до денес, постои како самостоен државен орган, надлежен да се грижи за за правната положба на вер­ските заедници и религи­оз­ните групи и за односите меѓу државата, вер­ските заедници и религиозните групи.

-          Во  Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи работи  високо  стручен  и мотивиран кадар. Вработените преку континуирана обука имаат стекнато дополнителни потребни знаења и вештини од областа на управувањето во државната служба, административното работење, еднаквоста и недискриминацијата на верска основа, Е-влада, управување со проектен циклус, и др.

 

СЛАБОСТИ

-          Недоволна  техничка  и  информатичка  опременост  на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,

-          Недоволен  буџет на Комисијата кој треба да ги  задоволуви  основните  потреби  на  институцијата  за  редовно  работење и реализација на нејзините активности.

 

МОЖНОСТИ

-          Користење  на  ИПА  фондовите  преку  финансирање  на  проекти  на    Комисијата, како и средства од други донатори за надминување на недостатоците на финансиски средства.

-          Глобалните закани од тероризам и верски радикализам го зголемија значењето од познавањето на верските односи и нивна хармонизација. Се повеќе се зголемува интересот за верските прашања од страна на медиумите, граѓаните, невладините организации и други субјекти за спречување на оваа негативна појава која се заканува на светскиот мир и безбедност, што дава можност за проактивна улога на овој орган.

 

ЗАКАНИ

-          Намалувањето на буџетските средства ќе биде закана за постоење и функционирање на Комисијата,

-          Неприфаќањето на предлог-активностите на Комисијата претставуваат закана за одржување на позитивни и релаксирани меѓуверски и меѓуетнички односи во државата.

 

    


 

     

 

1.8 ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

 

 

          Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, водејќи се од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2017 година, утврди вкупно еден стратешки приоритет и разви четири цели за периодот 2017-2019 година.

 

 

Стратешки приоритет:

 

Создавање предуслови за остварување на слободата на вероисповедта ка­ко фундаментално човеково право кое е загарантирано во Уставот на Ре­публика Македонија.

 

 

Стратешки цели за остварување на стратешкиот приоритет:

            

¨      Создавање на клима на дијалог помеѓу верските заедници преку одржување редовни средби со претставниците на верските заедници и нивните лидери, во функција на одржување на мирни и релаксирани меѓуверски и меѓуетнички односи, клучни за обезбедување на мирот и стабилноста;

¨      Запазување на принципот на рамноправност, спо­ред кој граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од вер­­ското уверување или припадност, преку спроведување активности кои ја унапредуваат верската толеранција и почитување;

¨      Афирмација на културните и верските вредности на Република Ма­ке­до­нија преку спроведување активности кои ја промовираат верата и верската разноликост во Република Македонија;

¨      Остварување соработка со регистрираните верски заедници и религиозни групи и нивно посредство со државните органи со цел решавање на нивните проблеми и доследно спроведување на Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група.

 

 

1.9 ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПЕРИОДОТ 2015-2016 ГОДИНА

 

                                                                                    При остварувањето на своите задачи и обврски Комисијата за односи со вер­­­ски­те заедници и религиозни групи остварува сора­бот­ка со повеќе органи на др­жавната админи­стра­ција, меѓу кои со Министерството за надворешни ра­бо­ти, Ми­ни­стерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Ми­ни­с­тер­ст­во­то за прав­да, Мини­стер­ството за транспорт и врски, Ми­ни­с­терството за инфор­ма­тичко општест­во и адми­ни­страција, Министерството за нау­ка и об­ра­­зование, Ми­нистерст­вото за кул­тура, Фон­дот за пензиско и инва­лид­ско оси­гу­ру­вање, Царин­ската управа, како и со други држав­ни органи и инсти­ту­ции.  Ко­ми­сијата e це­ло­с­но посветена на доследното спроведување на Законот за прав­на­та положба на црква, верска заедница и религиозна група и на по­чи­ту­ва­њето на верската слобода и права на граѓаните на Република Македонија ка­ко соста­вен дел од човеко­ви­те слободи.

                                                                        Во таа смисла, Комисијата, меѓу другото, во 2015 година ги реа­лизираше следниве активности поврзани со нејзините надлежности, пра­ва и обврски:

¨      Редовно издавање на 100 решенија за давање одобрение за вршење на рели­гио­зен култ и други манифестации на верата во верски об­јект и во други про­сто­рии и јавни места на странски државјани; 

¨      Редовно издавање на 250 мислења за јавен интерес на до­­на­ции од правни ли­ца на­менети за цркви и верски заедници;

¨      Организација на научен собир на тема: „Македонците со ислам­ска религија во историски и современ контекст“ во соработка со Македонската Академија на Науките и Уметностите, Институ­тот за национална историја и Сојузот на Македонците со исламска религија;

¨      Даден придонес во борбата против светскиот тероризам со потпишување декларација за осу­­­­да на теро­риз­мот заедно со другите регистрирани цркви, вер­ски заедници и религиозни групи во Република Македонија;

¨      Даден придонес во поттикнувањето на меѓуверскиот дијалог и толеранција со доделување награди на десетте најдобри познавачи на Куранот, кои ја претставуваа Република Македонија на меѓународните натпревари во Иран, Хрватска, Дубаи и други земји;

¨      Даден придонес во одбележувањето на светскиот ден на толеранцијата со учество во Националната конференција „Мултикултурализмот и толеранцијата-миграциите и предизвиците на социјалната интеграција“ во организација на Македонската академија на науки и уметности, Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје;  

¨      Даден придонес во одбележувањето на годишнината од Холокаустот на Евреите во Република Македонија со учество со научен труд на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска „Евреите во Македонија: историја, традиција, култура, јазик и религија“ во зборник по повод 71-годишнината од возобновување на работата на Еврејската заедница во Македонија;

¨      Даден придонес во одбележувањето на муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам со организирање на Ифтар вечера на која присуствуваа директорите на основни училишта, наставници кои го предаваат предметот „Етика на религии“, претставници од верските заедници и имамите од скопското муфтивство;

¨      Даден придонес во промовирање на македонската православна вера во светот со учество во одбележувањето на изградбата на првата македонска православна црква во црковната општина во Мајнц, Германија;

¨      Даден придонес и учество во организирањето на традиционалната манифестација „Македо­ни­ја во чест на Св.Кирил“ во Рим, Италија;

¨      Подготовка на извештаи и информации во делот на по­чи­тувањето на вер­ските пра­ва и слободи, како што се Националниот извештај на Ре­пуб­ли­ка Македонија по Универзалниот пе­рио­дичен прег­лед,  Инфор­ма­ци­ја­та за работата на Меѓуре­сор­ското тело за човекови права, Информаци­ја­та за Заед­нич­киот основен до­ку­­мент по Конвенциите за човекови права на Обединетите На­­ции, Извештајот за родова еднаквост и др.;

¨      Издавање на публикација од одржаниот научен собир за македонците муслимани со насловМакедонците со ислам­ска религија во историски и современ контекст“

¨      Постапување по претставки на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир кои произлегуваат од Законот за правна положба на црквите, верските заедници и религиозни групи и вршење увид на фак­тичката состојба;

¨       Присуство на положување на камен-темелници на верски објекти во зем­­јата и во странство, како и на други значајни празници и јубилеи: (Свечена Академија по повод 70 години од првиот црковно-народен собор, одбележување на 73 годишнината од депортацијата на македонските Евреи; свечено осветување на новата бискупска резиденција во Скопје, 20 годишнината од обновување на монаштвото во Бигорскиот манастир, 1000 годишнина од упокојување на Св. Јован Владимир, присуство на Ифтар вечери, свечени литургии, и др.)

         Во 2016 година Комисијата ги реа­лизираше следниве активности поврзани со нејзините надлежности, пра­ва и обврски:

¨      Редовно издавање на 134 решенија за давање одобрение за вршење на рели­гио­зен култ и други манифестации на верата во верски об­јект и во други про­сто­рии и јавни места на странски државјани;

¨      Редовно издавање на 170 мислења за јавен интерес на до­­на­ции од правни ли­ца на­менети за цркви и верски заедници;

¨      Соопштение до медиумите во однос на заштитата на виталните верски и национални интереси на Република Македонија,осуда на сквернувањето на плочата на Мајка Тереза во 2016 година и осуда на насилствата врз верските објекти со што навредуваат чувствата на верниците;

¨      Учество на Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска, на тркалезната маса на тема "Улогата на религијата во современото општество", во организација на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет на УКИМ;

¨      Остварена работна средба на Директорката на Комисијата, проф. д-р Валентина Божиновска, со претседателот на Меѓународниот фонд за единство на православните народи, г-дин  В. А. Алексеев;

¨      Учество во организација на проектот „Ем башка, ем барабар“ заедно со Фондот на Холокаустот, во духот на УНЕСКО и мотото „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“.

¨      Остварена средба на Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска, како дел од државно-црковната делегација со државниот секретар при Светата Столица во Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“.

¨      Учество на претставници на Комисијата во државно-црковната делегација во Рим по повод канонизацијата на Мајка Тереза за светица од страна на Папата Франциск во Ватикан на 04.09.2016 година.

¨      Учество на претставници на КОВЗ во координативно тело за организација на Татковинска прослава „Денови на Мајка Тереза“ по повод нејзина канонизација за светица, која се одржа од 4 до 11 септември 2016 година во Скопје, и формирање на почесен одбор во кој учество зедоа претставници на верските заедници, државните институции, како и личности од јавниот и културниот живот на земјата;

 

¨      Учество на директорката на КОВЗ со свој говор на конференција на тема: „Заштита на верската слобода и борба против дискриминација и насилство засновани врз религија и уверување“ на 19.09.2016 година, во Холидеј Ин, организирана од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија;

¨      Учество на претставници на Комисијата на меѓународна конференција која се одржа од 20 до 22 октомври 2016 година во Охрид, во организација на Православниот богословски факултет, по повод јубилејот 1100 години од упокојување на Свети Климент Охридски.

¨      Учество на Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на јубилејот 10 години архиерејско служење на Митрополитот г. Иларион од Брегалничката православна епархија, на 23 октомври 2016 година.

¨      Организација на Четвртата Светска конференција за Ме­ѓу­ре­ли­ги­ски и Меѓуциви­ли­зациски дијалог во Република Македонија која се одржа од 3 до 5 ноември 2016 година во Битола, на тема: „Миг­рацијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу ре­ли­гиите и културите“. На неа свои говори одржаа разни претставници од светските религии, невладини организации, домашни и странски професори и експерти од целиот свет, а Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ја отвори конференцијата со свој поздравен говор;

¨      Учество на претставници на Комисијата на јубилејот 65 години од раѓањето и 35 години архиерејско служење на Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј;

¨       Промоција на книгата и истоимениот документарен филм од претходно одржаниот научен собир: „Македонците со исламска религија во историски и современ контекст“ на 18.11.2016 година, во Порта „Македонија“.

¨      Организација на два концерта во изведба на Ансамблот Македонија посветени на свадбените обичаи кај македонците со исламска религија, заедно со Сојузот на македонците со исламска религија на 29.11.2016 година, во Скопје.

¨      Изработка на музејско-документарен филм со наслов: „Свети Места во Република Македонија-Споделена вредност на различни културни и религиозни традиции“.

 

  

1.9       ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ НА КОМИСИЈАТА ВО 2017 ГОДИНА 

 

                                                                                                                                    Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи како држа­вен ор­­ган задолжен за работите што се однесуваат на правната положба на цркви­те, вер­ски­те заед­ни­ци и религиозни групи, како и за работите поврза­ни со односите меѓу др­жа­­вата, црквите, вер­­ски­те заедници и религиозните гру­пи, најдиректно е инволви­ра­­на во сле­де­­­ње­то на вер­ските слободи и права како дел од човековите слободи и права. Во таа смис­ла, Комисијата и во текот на 2017 година ќе продолжи со остварува­ње на своите за­да­­чи и обврски и ги очекува следниве резултати:

¨         Остварување на верските права и слободи на граѓаните преку промовирање на верската разноликост во севкупното општество;

¨         Давање придонес во промовирање и унапредување на верскиот соживот во Македонија преку организирање на научни собири, тркалезни маси и семинари, изложби, издавање публикации и снимање документарни филмови;

¨         Редовна комуникација и соработка со верски заедници и религиозните групи регистрирани во Република Македонија, средби со нивните лидери и претставници, како и излегување во пресерет на решавање на нивните проблеми;

¨         Понатамошно унапредување на положбата на верските заедници и религиозни групи во општеството;

¨      Мониторинг на работата на црквите, верските заедници и религиозни групи во Република Македонија и водење редовна евиденција на правно регистрираните верски субјекти;

¨         Соработка со епархиите на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија во странство;

¨       Давање придонес во одбележувањето на свечено­с­ти и јубилеи по повод големите верски празници;

¨         Остварување на ред­овни контакти со претставници на печатените и електронски медиуми и известување за состојбата на верските права и слободи преку учество во јавни дебати и телевизиски емисии;

¨         Стручно усовршување на вработените во Комисијата преку присуство на 18 обуки и работилници организирани од страна на Ми­ни­стер­­ст­во­то за инфор­ма­тич­ко општество и администрација и други инс­ти­туции, како и подготовка на Годишна програма за стручно оспособување и усовршу­ва­ње на државните службеници за 2017 година;

¨         Редовно ажурирање на веб страницата на Комисијата за односи со вер­ски­те за­ед­­ници и рели­ги­оз­ни групи и збогатување на нејзините содржини со соодвет­ни информации;

¨         Подготовка на Годишен план за правична и соодветна застапеност на за­ед­ни­ци­те за 2017 година;

¨         Подготовка на план за јавни набавки во функција на реализација на одо­б­рениот Буџет за 2017 година согласно Законот за јавни набавки, како и подготовка на сите интерни акти за соодветни активности и процеси во надлежност на одделе­ние­то за финансиски прашања.