Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

По повод почетоткот на месецот на постот рамазан, директорот Даријан сотировски упати телеграма со честитки до поглаварот на исламската верска заедница реис ул улема хаџи сулејман еф. реџепи, како и до сите граѓани од исламска вероисповед во република македонија                            

 

 

 

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 
Почитуван Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи,

 

 Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите и имамите, како и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам почетокот на најголемиот месец кај муслиманите - Рамазан - месецот на постот, молитвата, солидарноста и милосрдието.

 Рамазан кај муслиманите е познат како месец во кој се негуваат највисоките човечки особини, добрината, хуманоста и милоста, особено кон оние на кои тие им се најпотребни. Деновите на Рамазан се поттик за човекот, преку пост и молитви, и преку добродетел да го облагороди својот и животот на другите луѓе, давајќи им храна на гладните, лек на болните, сочувство и мир на онеправданите. Простувањето и милосрдието во месецот на објавата на чесниот Куран нека бидат патоказ во Вашиот живот, во односот со Вашите пријатели, соседи, роднини, и со сите луѓе.

 
Со верба дека месецот Рамазан ќе ги зацврсти овие вредности во Вашиот живот, од се срце Ви посакувам претстојните Рамазански пости да ги поминете во мир, добро здравје и меѓусебно почитување.

 

                         
                                 Честит Рамазан!


 

Директор

  М-р Даријан Сотировски