Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

19.09.2016гдиректорот на ковз проф.д-р валентина божиновска учествуваше на конференцијата на тема ЗАШТИТА НА ВЕРСКАТА СЛОБОДА И БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА И НАСИЛСТВО ЗАСНОВАНИ ВРЗ РЕЛИГИЈА И УВЕРУВАЊЕ која беше организирана од страна на амбасадата на САД во република македонија.

 

 


На конференцијата присуствуваа претставници на државни институции, верски заедници, невладини организации.



Директорот на КОВЗ проф. д-р Валентина Божиновска одржа поздравен говор на отварањето на конференцијата:

Ваша Екселенцијо,

Почитувани учесници на работилницата,

Дами и господа,

           

            Дозволете ми најнапред да го изразам моето задоволство што можам да ја поздравам оваа тридневна работилница што ја организира Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

                        

Кога станува збор за заштитата на верската слобода и борба против дискриминација и насилство засновани врз религија и уверување, уште во првите ветрови на модерните времиња во Република Македонија, во 1991 година, во Уставот беше јасно нагласена важноста од имплементација на благосостојбата на индивидуалните права заедно со егзистирањето на верски­от плурализам и заштитата на верската слобода. Традиционалното повеќевековно опстојување на различните верски заедници и религиозни групи на овие простори им даде право истите да се стационираат што поблиску до мо­дер­ните демократски процеси во нашето општество и да воспостават еден нов дух на меѓусебно разбирање, дијалог и недискриминација на луѓето по вер­ска основа и припадност. Појавата на ваквата духовна азбука меѓу различните заедници во изградбата на самостојноста и независноста беше резултат на огромното историско и културно богатство, на перманентното присуство на вер­ските заедници и религиозни групи на овие простори, на соживотот на нив­ните обичаи и традиции. 



 

И по конфликтот во 2001-та година до израз дојде големиот креативен потенцијал на нашата земја да ги впрегне сите инцијативи кои поттикнуваат интензивна соработка која води кон интеграцијата, хармонијата и меѓусебното почитување на различните култури и религии. Токму дијалогот втемелен во нашето заедничко живеење и свеста за другите беше главниот столб кој го донесе мирот и толеранцијата на различностите.

 

Следствено, сите законски регулативи кои беа донесени по тоа, и сите идни верски дискурси за меѓурелигиски соживот го носеа во себе духот на дија­логот, на градењето на доверба која треба да се темели на универзално почи­ту­вање на човековото достоинство и правото на етничко и верско само­опре­де­лу­вање. Верскиот соживот стана уставна категорија во Република Македонија и влезе во член 19 од Уставот, во кој се гарантира слободното манифестирање на верата или убедувањето и заштитата на идентитетот на заедниците.

 

Донесениот Закон за правна положба на црква, верска заедница и рели­ги­озна група од 2007 година во многу ја подобри верската клима во земјата и доби позитивни оценки од Венецијанската Комисија и ОБСЕ. Согласно член 1 од овој Закон, црквите и верските заедници се одвоени од државата и еднакви пред закон. Слободата на вероисповед е неприкосновено право на човекот и ни­кој нема право на присилно наметнување на нечие уверување. Во таа смис­ла, религискиот идентитет во Македонија не може да биде приоритетен и иск­лу­чив легитимирачки критериум на идентитетот на заедниците, туку битна алка во синџирот на религиските другости кои креираат едно слободно, похумано, и поправедно општество. Сопствената вистина на секој еден поединец и на се­ко­ја верска заедница не смее да го исклучува другиот, не смее да ги загрозува фун­даменталните права на другите, туку треба да биде мост кој ќе води кон уш­те поголемо разбирање и помирување на меѓусебните спротивставености. Согласно Закон, во ситуации кога доаѓа до верска нетолеранција или верски конфликт кој може да има негативни последици по мирот и јавната безбедност, др­жавата е должна да интервенира и да посредува во овој однос. Таа, како не­ут­рално тело, е обврзна да го почитува идентитетот на црквите, верските за­едници, религиозните групи и другите облици на религиозно здружување и со нив да воспоставува однос на постојан дијалог и облици на соработка, со што во голема мера ќе придонесе во заштитата на верската слобода и насилствата засновани врз религија и уверување.

 

Секако, Република Македонија својата законска регулатива ја усогласи со меѓународните декларации и конвенции за слободата на вероисповедта и из­разување на верата, а особено со: Универзална декларација за човековите права усвоена на Генералното собрание на ОН, Декларација за елиминирање на сите форми на нетолеранција и дискриминација врз основа на веро­ис­по­ведта  или убедувањето и Конвенција за заштита човековите права и основ­ните слободи донесена од страна на Советот на Европа. Посебно го послуша членот 20 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права донесен од Генералното собрание на Обединетите Нации, целосно и делотворно да се заб­рани какво било застапување на национална, расна или верска омраза која претставува поттикнување на дискриминација, непријателство и истото да се спроведе преку сите неопходни законодавни, политички и судски мерки.

 

Покрај Законот за правна положба на црква, верска заедница и религи­озна група, просторот на верската слобода го отвори и донесувањето на други проевропски закони, меѓу кои: Законот за анти-дискриминација, за кој Советот на Европа беше громогласен во своите извештаи дека тој мора да ги пробие стереотипите, бариерите, табуата кои постојат во Република Македонија, и донесе поинаква азбука на разбирање помеѓу самите верски заедници и нив­ни­те лидери. Потоа, Законот за денационализација, со кој најголем дел од имотот кој што беше одземен во минатото, им беше вратен на верските заедници; За­ко­нот за државни празници, кој уште повеќе ја подобри смислата на тради­цио­нал­но добрите меѓуверски односи во Македонија. Клучен фактор за форми­ра­ње на едно поинакво и помирољубиво општество беше и посветувањето осо­бе­но големо внимание и грижа за зачувување и изградба на голем број верски храмови и споменици.

 

Оттука, посебно сакам да ја нагласам клучната улога на образованието во спречување на насилствата базирани на религија и уверување. Во сора­бот­ка со Министер­ст­вото за образование и наука се воведе предметот „Етика на религиите“ во системот на основното образование што во голема мера ја покрена свеста за значењето на толеранцијата и дијалогот во изградбата на позитивни општествени вредности. Истражувањето кое го спроведе Комисијата во училиштата во Македонија со доминантно мешан верски состав дојде до зак­лучок дека позитивните методи и практики во наставата за религијата при­до­несува кон намалување на насилствата во училиштата базирани на религи­јата и уверувањето, и воспоставување позитивни меѓуетнички и меѓуверски од­носи. Колку повеќе знаеме едни за други и сме свесни за меѓусебните разлики, тол­ку помала е можноста за појава конфликти и дискриминација на верска основа.

            Имајќи ја в предвид важноста на клучните принципи во Резолуцијата за човекови права на Советот 16/18, но и важноста од зачувување на сигурноста на верската слобода, на 2 декември 2015 година, по повод актуелните теро­рис­тич­ки напади во светот, Комисијата за односи со верските заедници и ре­ли­гиоз­ни гру­­пи заедно со петте верски лидери потпиша декларација за осу­­­­да на те­ро­риз­мот кон која се придружија и другите цркви, вер­ски заедници и рели­ги­оз­ни групи во Република Македонија. Со Декла­рацијата најостро се осуди ре­ли­гиски мотивира­ни­от тероризам заснован врз различно верско убедување и се по­ви­кува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречу­ва­ње на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на си­те светски рели­гии. Со потпишувањето на овој документ се покажа заедништ­во­то на црквите, верските заедници и религиозните групи во Репуб­ли­ка Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање бор­ба­та против тероризмот, што е содржано и во Универзалната дек­ла­ра­ција за човекови права на Обе­ди­нетите нации и ме­ѓу­народните декларации и конвенции за човекови права.

            При една од неговите посети на Балканот, Папата Франциск ќе рече: „Ре­ли­гијата не смее да биде оправудање за насилството. Да не се залажуваме дека било кој од нас е божји војник додека врши насилство и измачување. Ни­кој не смее да ја користи религијата како оправудање за постапките спротивни на човечкото достоинство“. Токму во името на ова достоинство, и борбата за не­го, Ве поздравувам, посакувајќи секој од Вас да ја следи златната нишка вткаена во срцето на сите религии- прави им го на другите тоа, што сакаш тие да ти го прават тебе!