Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО ВЕЛИГДЕН ДО ЕВАНГЕЛСКО МЕТОДИСТИЧКАТА ЦРКВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ДИРЕКТОРОТ НА КОВЗ ПРОФ.Д-Р ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА

ДО

ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседател Г-дин Емил Заев

                                    

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ


Почитуван Г-дин Емил Заев,

 

Во овие возвишени празнични мигови дозволете ми Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите верници од Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИ –ВЕЛИГДЕН.

На празникот ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО кога ја славиме победата на животот над смртта, доброто над злото, да се обединиме заедно околу учењето за љубовта, верата и благословот кој произлегува од чистата љубов кон ближните, мирољубието и правдољубието. Само безусловната меѓусебна љубов може да ни помогне да го оствариме мирот, да го запазиме единството во Бога и да ни овозможи заеднички напредок во сите области.

Во таа насока, сакам да го истакнам придонесот на Евангелско - Методистичката Црква во Република Македонија која со својата духовна дејност има активна улога во животот на секој еден верник и дава голем придонес во јакнењето на христијанските вредности во нашата татковина, но и надвор од неа. Исполнувањето на оваа благородна мисија претставува вистински предизвик за што се надевам ќе продолжи и во иднина. Зашто само преку љубовта кон ближниот, меѓусебната почит и правењето на добри дела можеме да ја оствариме нашата мисија на земјата и да се доближиме до Бога.

Нека Ви е честит овој голем христијански празник и Ви посакувам деновите на Велигден да ги поминете во кругот на Вашите најблиски во радост, спокој и голема Христова љубов.

 
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!                                                                

 

           Директор

Проф. д-р Валентина Божиновска