Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

http://vecer.com.mk/galerii/konf/photos/0012.jpg10.05.2013 год. говор на директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи проф д-р валентина божиновска на третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

 

ДОЗВОЛЕТЕ ДА ВИ ПОСАКАМ СРДЕЧНО ДОБРЕДОЈДЕ НА ОВОЈ РЕДОК КОЛО­САЛЕН СОБИР, СОБИР НА ДОБРОДЕТЕЛТА ОД СИТЕ РЕЛИГИИ НА ОВОЈ СВЕТ.

СОБИР, ПОЧИТУВАНИ, КАДЕ ЌЕ ЈА ПОТВРДИМЕ ДОВЕРБАТА И ВИСТИНАТА ЕДЕН КОН ДРУГ.

ДО­Б­РОДОЈДОВТЕ ВО БИБЛИСКА МАКЕДОНИЈА, ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ, ГРАДОТ НА СВЕТЛИ­НА­ТА, КОЛЕВКА, РАСКРСНИЦА НА МНОГУ РЕЛИГИИ, ГРАД КОЈ СО ПРАВО МОЖЕ ДА ИЗГО­ВО­РИМЕ ДЕКА Е РЕТКА СЛИКА НА ДУХОВНА РЕЛИГИСКА ПОТВР­ДА ВО СВЕТОТ. НАШИОТ МА­КЕДОН­СКИ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПО­ХОД Е УСПЕШЕН И ОД ПРИДОБИВКАТА КОЈА ЈА ИМАМЕ СО ВЕ­КО­ВИ НАНАЗАД ОД РАЗ­ЛИЧНИТЕ ВЕРИ.

УВАЖЕНИ, СЕ СОБРАВМЕ НА ТРЕТАТА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДА ДОКА­ЖЕ­МЕ ДЕКА НЕ­МА ДА ДОЗВОЛИМЕ НОВИОТ МИЛЕНИУМ ДА ДОНЕСЕ ПОД­ВО­ЈУВАЊЕ, НЕМИР И НЕ­ДО­РАЗ­БИ­РАЊА ВО СВЕТОТ. ЗАР НЕ СМЕ ДОВОЛНО СИЛ­НИ КАКО ЛУЃЕ КОИ ПРЕКУ СВОИ­ТЕ ВЕРИ ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА СРУШИМЕ НЕ­ДО­ВЕРБАТА КОН ДРУГИОТ, НЕТОЛЕРАНЦИЈАТА КОН ДРУГИ­ОТ? ЗАР СОМНЕ­ЖОТ НЕ Е ПОМРА­ЧУ­ВАЊЕ НА САМИТЕ СЕБЕСИ? ДОВЕРБАТА Е НАШЕТО СА­МО­ПОЗ­НА­ВАЊЕ, НАША­ТА ЕТИКА КОН ДРУГИОТ, МОРАЛНОТО ИСКУСТВО КОН ДРУГИОТ.

СПО­РЕД ЛИБЕ­РАЛ­НИОТ ПРИСТАП НА ХУМАНИЗ­МОТ ВТОРОТО НАЧЕЛО НА ОБЕДИНУВАЊЕТО НА РЕЛИГИС­КИТЕ РАЗЛИКИ, А ИМПЕРАТИВ ЗА МИР И ПРОЦЕС НА КУЛТУРО­ЛОШ­КИ ВРЕДНОСТИ СЕ ДОС­ТО­ИН­СТВОТО И СЛО­БО­ДАТА. ДОСТОИНСТВОТО КАКО ЛИЧНА ПРИМАРНА ЖИВОТНА ПРИДОБИВКА ВО ИН­ДИ­ВИ­ДУАЛ­НА­ТА РЕА­­­ЛИ­ЗАЦИЈА НА СОПСТВЕНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ. СЕ РАЗ­БИРА, НЕМА ДОСТОИНСТВО БЕЗ СЛОБО­ДА ИЛИ СЛОБОДНО ДОСТОИНСТВО – ТАА УНИВЕР­ЗАЛ­НА СИНЕРГИЈА КОН ЧО­ВЕЧ­КА­ТА СЛО­БОД­НА ВОЛЈА ДА СЕ СОЕ­ДИНИ, ДА СЕ ПРИ­БЛИЖИ СО БОГА. ЛУЃЕТО СА­МО ГО ИЗРАЗУВААТ ТОА ШТО САМИОТ БОГ ГО ОПИ­ША ВО ПОРЕДОКОТ ШТО ГО СОЗ­ДА­ДЕ, ШТО СА­МИ­ОТ ГО ЗАПИША ВО МО­РАЛ­НАТА СВЕСТ ИЛИ ВО СРЦЕТО НА ЧОВЕКОТ. ЉУ­БОВ­ТА, СЛО­БОДАТА И ДОС­ТО­ИН­СТВОТО СЕ ДАДЕНИ ПРАВА ОД РАЃАЊЕ НА СЕКОЕ ЖИВО БИТИЕ ВО СИТЕ РЕЛИГИИ И НАМ КАКО ПОЕДИНЦИ ВО ОБЕДИНУВА­ЊЕТО НА СВЕТОТ ПРЕ­КУ ЉУ­БОВ­­ТА. ЗАР СЕКОЈ ОД НАС НЕ СЕ ДАРУВА ПРЕКУ СОПСТВЕНАТА ВЕРА?

ИМАМЕ ДОВОЛНО РАЗУМ ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА САМО СЛОБОДЕН И ДОС­ТО­ИНСТВЕН ЧОВЕК МОЖЕ ДА БИДЕ ДАР,  ВИСТИНСКИ ДАР НА НАЦИИТЕ.

ЕДНО ЛИЦЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЦЕЛА НАЦИЈА И ОБРАТНО. УМЕТНОСТА НА ДИЈАЛОГОТ Е ВСУШ­НОСТ УМЕШНОСТ НА ДОБРА РЕТО­РИЧ­КА ДОК­ТРИНА, СТАТУСОТ И НИВОТО НА ДЕМОКРА­ТИЈАТА, НАЦИОНАЛНИОТ И ОПШ­ТЕСТ­ВЕНО-КУЛТУР­НИОТ МЕНТАЛИТЕТ.

ЗАР НЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ НАСОЧИМЕ ДА ЈА ИЗГРАДИМЕ НОВАТА ЕРА НА РАСУ­­ДУ­ВА­ЊЕ КОЈА БИ НE ПРИБЛИЖИЛА ДО РЕАЛНИОТ МИР, ИАКО СВЕТ­СКА­ТА ДИЈАЛЕК­ТИ­КА УКАЖУ­ВА ДЕ­КА НЕ ПОСТОИ СОВРШЕН МИР.

ВЕ П­ОВИКУВАМ ВО ХРАМОТ НА СЛОГАТА КАДЕ ЌЕ СЕ ПОТПРЕМЕ НА ИСУ­СО­ВИТЕ ЗБОРО­ВИ: „НЕ ПЛАШЕ­ТЕ СЕ“.  НИЕ СИТЕ ИМАМЕ НАШЕ, САМО НАШЕ ЧУВСТВИ­ТЕЛ­НО КРАЈЧЕ НА ДУ­ША­ТА – A TOA E СКРИЕНОТО СРЦЕ НА ЧО­ВЕКОТ. ТОА Е МОЛИТВА КОЈА ПО­ВИКУВА НА МО­ЛИТВА, СЛОВО ВДАХ­НО­ВЕ­НО ОД БОГА, ШТО ВОДИ КОН БОГА, ИАКО СИЛ­НО ТОА Е И НЕЖНО. ПОЛНО Е СО ЉУБОВ И НЕ ЗАК­РЕП­НУВА. ИАКО Е АПСОЛУТНО, ТОА Е И ИСКУПИ­ТЕЛ­НО. ИАКО МНОГУ БАРА, ТОА НЕ ОДМАРА. ОСТРО КАКО НОЖ, ПОВИ­КУ­ВА НА ПОКА­ЈА­НИЕ, ДА ГО ИЗМЕНИ НА­ШЕ­ТО КАМЕНО СРЦЕ, ДА НИ ГО ПРЕОБРАЗИ УМОТ, ЗА ПО­ВТОР­НО ДА СЕ ПРО­НАЈДЕМЕ САМИТЕ СЕБЕСИ. СЕ ЗАВИСИ ОД НАШАТА СПО­СОБНОСТ ДА СЛУШАМЕ, ОД НАШИ­ОТ КОПНЕЖ ДА СЕ ПРЕОБРА­ЗИ­МЕ И ОД НАШАТА ВОЛЈА ДА КАЖЕ­МЕ ДА. ДАЛИ СМЕ ПОД­ГОТ­ВЕНИ ДА СЕ ОТВОРИМЕ, ДА НЕ СЕ ПЛАШИМЕ И ДА СЕ ДА­РУ­ВАМЕ СЕБЕСИ? СЛОБОДНИ СМЕ! НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД ВИСТИНА­ТА ЗА САМИТЕ НАС. ТОА ЌЕ НE ОД­НЕСЕ ВО ДИЈАЛОГ

ПОЧИТУВАНИ, ВО ОВАА ТОРБИЧКА ЈА ДОНЕСОВ МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА. ТАА Е ПРЕКРАСНА. ЗА НЕА МНОГУ ЛУЃЕ ВОЈУВАЛЕ И ГИ ДАЛЕ СВОИТЕ ЖИВОТИ. НАЈВАЖНО ОД СЕ Е ДЕКА ОПСТОЈАЛА ЗАРАДИ РАЗЛИЧНИТЕ РЕЛИГИИ. И ЗАТОА СО МНОГУ ЉУБОВ ИМ ПОРАЧУВАМЕ НА СИ­ТЕ КОИ СЕ СОМ­НЕ­ВААТ ВО НАШИ­ОТ ИДЕНТИТЕТ И ЦРКВА, КОЛКУ ПОВЕЌЕ НE НЕ­ГИ­РААТ ТОЛ­КУ ПОВЕ­ЌЕ ГО ПОТВРДУ­ВААТ НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ И НИ ЈА ЗА­ЦВРСТУВААТ ВОЛ­ЈА­ТА.

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, АЈДЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ОД ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ХРАМ НА СЛОГАТА! И СЕ ШТО Е  ЖИВО НА ОВОЈ СВЕТ НЕКА ГО ВДИШУВА БОГА А НИЕ ДА ВОДИМЕ ДИЈАЛО­Г КАКО СЕГ­МЕНТ ОД ЗАПОВЕДТА НА ЉУБОВТА.