Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

говор на директорот м-р валентина божиновска на  КОНФЕРЕНЦИЈАта НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ ОДРЖАНА ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -"Меѓусебното разбирање и толеранција во Република Македонија како основен фундамент за следните 20 години"
 


 

            Почитувани лидери на верските заедници, почитувани присутни,

 

            Кога размислував за зборот толеранција, семиотички помислував на две работи кои можат да бидат симболика, но не во онаа буквална реторичка смисла на зборот толеранција како проблем на туѓата слобода и на различното размис­лу­вање, идејата на туѓото размислување да биде секогаш точно и во право, туку раз­мислувам, пред сe, и на една крајна богољубива трпеливост. Ми се чини дека ако не беше толеранцијата, она што го ставивме во членот 5 и е ставено во Дек­ла­рацијата за независна Македонија која на 17 септември ја донесе Собра­ние­то на Република Македонија, а тоа е почитување и толерантност на сите ос­но­ви и пра­ва на човекот, денес претпоставувам немаше да говориме за неза­вис­носта на РМ, особено за ваква Македонија, независна, суверена, пример за то­ле­ранција на Балканот. Но, не само толеранција на верска основа, туку напро­тив, сите оние пет постулати кои првата Влада на РМ ги имаше поставено, а тоа беа: со­ци­јалната толеранција, културолошката толеранција, толеранција на ет­нич­ките за­едници, толеранцијата на мацинствата, и она што беше краен, осно­вен фун­да­мент, важен и моќен - верската толеранција.

            Како млада држава се втурнавме во негување на традицијата, богољу­бие­то, толерирање на околината, ослободување од предрасудите, стереотипите, кул­туролошките, идентитетски, социолошки, од подвоеноста и заблудите. Се обидовме некако во овие 20 години сите заедно да направиме еден свет на подобро однесување. Југоисточна Европа паметеше конфликти и премрежја во раните 1990-ти години. 2001-та година ја поминавме заедно со Вас, со медиумите; и покрај настојувањата на одредени групации кои сакаа да наметнат верски конфликт. И од тоа црно петно излеговме.

            Оваа Влада и претходните Влади сторија навистина многу сета онаа нетрпеливост која мислевме дека не можеме да ја пренебрегнеме и надминеме на самите по­че­тоци, а тоа беа Влада и Собрание со различни етнички заедници и партии. Наеднаш да станеме симбол на вистинско промовирање на еден реален столб и на еден сигурен политички систем. Јас како жена во 1998 година кога ја до­­несовме првата приказна на вистината, за родовата еднаквост во РМ и кога ја основавме Комисија за родова еднаквост, на почетокот беше збу­ну­­вачки од страна на медиумите. Како да се толерира и другиот пол за да може да партиципира во по­­литичкиот систем и во законодавството на РМ? Сето тоа денеска стана еден реален норматив и однесување.

            Во 2001 година со новиот Устав, верските лидери во една заедничка здиш­ка беа задоволни од тоа што верските заедници влегоа во членот 19 како уставна кате­го­ри­ја, што напати медиумите ќе кажат дека тоа е привилигирана категорија. На­про­тив. Толеранцијата ја ставивме на маса до оној сегмент за да можат сите дру­ги верски заедници да бидат регистрирани преку новиот закон кој се им­пле­мен­ти­раше од 1 мај 2008 година. И навистина, имаме плејада од мали верски заед­ници, мали религиозни групи, и пофалбите што вчера ги добивме од Стејт Де­парт­ментот дека во Македонија се почитуваат религиските права и слободи. По­не­когаш Советот на Европа не упатуваше државата да не се меша и токму таа секу­ларност направи регистрацијата на црквите, верските заедници и религиозните групи да се врши во Граѓанскиот Суд 2.

 

            Се сеќавам на една максима на премиерот Никола Груевски на Првата светска конференција како аргумент повеќе со кој успеавме, а беше и силен аргу­мент на покојниот претседател Борис Трајковски, кога нашиот Премиер во својот говор истакна: „Еве, збор за толеранција кога избравме човек за претседа­тел од Евангелско-Методистичката црква, кога сите заедно громогласно заста­нав­ме зад него.“ Идејата за првата светска конференција за меѓурелигиски дијалог, буквално нe обе­дини сите во една заедничка азбука, во една semina verbi,  во едно ново дејст­ву­вање во државата. И тука не престанавме. Нашите при­јатели, од Советот на Ев­ропа, од УНЕСКО, застанаа силно зад Владата на РМ, Министерството за кул­тура и Комисијата за односи со верските заедници, сe со една заедничка цел: и понатаму со еден огромен меѓусебен дијалог на соживот, разбирање и толе­ран­ција. Ја поминавме и Втората конференција, донесовме две важни дек­лара­ции на двете конференции и тука не застанавме.

 

            Вчера имавме еден одличен извештај од Стејт Департментот и сите тие фун­даментални права кои ги зацртавме во 90-тите години, сиве овие 20 години ус­пеавме низ политичкиот систем на државата, низ социјалниот аспект на др­жа­ва­та, преку сите закони, законите што ги носеше Комисијата за односи со вер­ски­те заедници, особено Собранието на РМ, да не избегаме од нотираниот пат на меѓународните конвенции, ратификациите, нормите од ОН и конвенциите од Со­ветот на Европа. Бевме пример за држава на сите оние конвенции од Европскиот суд за човекови права, кои во текот на пар­ла­ментарната дебата ги носевме. Тоа беше многу трнлив пат. Јас имав прилика два­пати да бидам член на Парламентот, но ми се чини дека првата Влада го имаше најтешкиот камен на сепнување. Како да се биде во Парламент, како да се биде Влада со другите етнички заедници? Како да се биде во Влада во која ќе партиципираат и албанските, турските и српските партии во Македонија? Наед­наш тоа стана една прекрасна шарена градина на толеранција, на меѓусебен ди­ја­лог кој прерасна во добар стожер на политички систем, на добри собраниски одлу­ки и декларации.

 

            Да бидеме толерантни е да го слушаме ставот на другиот, на различниот, без притоа во себе да држиме некакви конфликтни мислења и ставови. Тоа не значи да не ги искажеме спротивните ставови. Да премолчуваме. Напротив, со ме­ѓу­себниот дијалог да дојдеме и да пронајдеме еден реален заеднички кон­су­мент на арбитража на толеранцијата. Преку толеранцијата се ослободуваме и од соп­ствентата пристојност на воздржување, но кон разбирање на другиот. Единствено тогаш можеме да кажеме во социолошки кон­текст што мислиме за другиот, но и напротив, да слушнеме што другиот, пои­наквиот, мисли за нас. Етничката толеранција беше важна сиве овие години, таа беше автентична, суштинска и таа беше стожер за да се зачуваме нашиот идентитет, идентитетот на Ре­пуб­лика Македонија. Сите мрежи испреплетени со толеранцијата успеаа да не за­др­жат да не паднеме во бездната како некои други држави. Издржавме на тој ко­лосек и на понекогаш грубите пресметки со соседствата.

            Сметам дека одиме на една добра патека на взаемна толеранција и на ме­ѓу­­себно разбирање, иако е многу тешко овој наслов да го практицираме во реал­ност затоа што никој не знае утре што ќе се случи, уште помалку што ќе се слу­чи  во следните 20 години. Но, сепак можеме да вложиме во следните 20 години, особено со образовниот процес, како ќе ги еду­цираме младите поколе­нија без разлика на која етничка припадност при­па­ѓа­ат, како нив ќе ги однегуваме за да го разберат другиот.

            Ми се чини дека сиот овој период, особено последните години, законите кои ги носевме, законот за недискриминација, за кој Советот на Европа беше гро­могласен во своите извештаи дека тој мора да ги пробие стереотипите, ба­рие­рите, табуата кои постојат во РМ, Законот за правната положба на црква, вер­ска заедница и религиозна група, Законот за денационализација, Законот за вер­ските празници, сите тие донесоа поинака азбука помеѓу самите верски заед­ни­ци и помеѓу самите лидери во РМ. Комисијата успеваше да биде мост помеѓу нив­ните бариери, но она што го превземаа сите досегашни премиери помеѓу вер­ските лидери навистина беше од особено значење.

            Она што минатата година го постигнавме со Министерството за образо­ва­ние за изучување на Етика на религиите, беше исто така главен императив за тоа како ќе одиме понатаму. Без оформување на голема научна мисла, на големи умо­ви, на млади перспективни луѓе кои ќе знаат дека образованието е силен ар­гу­мент за идна толеранција, ние не можеме понатаму да зборуваме за толе­ран­ција. Како што Џон Стјуарт Мил вели, не се бара од нас нужно да ги почитуваме ставовите на дру­ги­те – далеку од тоа – туку само да се обидеме да ги разбереме и да ги толе­ри­ра­ме; само да ги толерираме; бидејќи без толеранција се уништу­ва­ат условите за рационална критика, за рационална осуда. И, се разбира, за ра­цио­нална расправа.

            Затоа овие 20 години ќе ги оставиме како концепти за секој од нас внат­ре, без разлика на кој етникум припаѓа и на која религија, да ја раскаже својата вистина. И својата приказна. Очекуваме силно ехо од Република Македонија како лидер во почитувањето на верските права и слободи и на Балканот, но и во Европа како пример со еден нов имиџ на практицирање на верските права и слободи.