Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски на прием кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан


На 26.02.2018 година во кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, се одржа средба меѓу Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и новоименуваниот директор на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.


Покрај срдечните честитки за изборот на новиот директор Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ги истакна своите искрени желби за успешна работа и поддршка за сите идни заложби на новиот директор во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската Православна Црква и сите нејзини верници.

Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски  ја истакна заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа беше истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува.