Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

 Воведно слово на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на Архиепископскиот црковно-народен Собор (13.11.2009)



На 12 ноември 2009 година во салата на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа Архиепископски црковно-народен Собор (АЦНС). Соборот, којшто го сочинуваат делегати од сите епархии и институции на Македонската православна црква (МПЦ) како во Република Македонија, така и во дијаспората. Пред делегатите на Соборот и гостите, воведно слово произнесе Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан:


Добре дојдовте и добро се најдовме на овој свечен дел од овогодинешниот Архиепископски црковно-народен собор на Македонската православна црква, што го одржуваме во Соборниот архиепископски храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје . Во овој дел на Соборот ќе отстапиме место и за промовирање на новото издание на Светото Евангелие – света книга врз која го потпираме и нашиот собор и од која, воопшто, извира соборноста на Црквата, која, не само по дефиниција, туку и по својата суштина е соборна заедница на Бога, светиите и верниот народ. Со други зборови, Црквата постои на соборен начин – зашто еден и единствен е Христос за сите, една е Главата со која тесно се поврзани сите членови на Едното Тело – Црквата. Соборноста не е всушност распространетоста, таа не е просторен поим, зашто Црквата го повикува секого да биде едно во Христа. Нашето единство во Христа, како што вели еден од најпознатите богослови на современието – Владимир Лоски, е единствено и основно единство на човечкиот род.    

Црковните собори, од самиот почеток на постоењето на Црквата, се издигнале во незаменлив авторитет и за учењето, и за законодавството, и за уредувањето. Историјата на Црквата разликува вселенски собори, на кои учествувале претставници на сите тогашни помесни православни Цркви, обично епископи, презвитери и ѓакони. Одлуките на овие собори биле официјални и општоважечки за целата Вселенска црква. Постоеле и т.н. помесни собори, кои ги одржувала една помесна црква и на нив се разгледувале прашања од актуелниот живот на таа црква, но воопшто од животот на сите христијани. Одлуките од овие собори не се општоважечки, освен оние што се одобрени или прифатени од сета православна Црква. На Соборите учествувале и световни лица (мирјани и лаици), како и цареви, или нивни делегати. Познато е дека за целата Света Црква посебен авторитет имаат соборот на Апостолите, седумте Вселенски собори и десетте помесни собори.

Конкретно, во поновата историја на Македонската православна црква, посебно место заслужуваат Соборот од 1945 година, одржан во Скопје, познат како Прв црковно – народен собор, Соборот од 1958 година одржан во Охрид и Третиот Црковно-народен собор, одржан во 1967 година, исто така, во Охрид. Потоа се свикувани почесто, особено за потребите од промени и за дополнување на Уставот, за донесување и одобрување на Уредби, Правилници, правни акти или за други потреби од животот на нашата Света црква. Во последно време, што е за поздравување, Соборот се одржува согласно Уставот на Македонската православна црква – барем еднаш годишно, и тоа со учество на претставници од сите епархии и институции на Македонската православна црква.

И оваа година очекуваме особено внимание Соборот да им посвети на дадените предлози за промени и дополнувања на Уставот, со кои се очекува највисокиот правен акт – Уставот на МПЦ, да се усогласи со новиот Закон за верски заедници и религиозни групи и со другите позитивни закони во државата. Треба да очекуваме Соборот да биде информиран до каде е процесот за денационализација и враќањето на црковните имоти. Исто така, ќе биде посветено и особено внимание за духовната димензија од животот на нашиот народ, на семејствата и бракот, а особено за животот на младата генерација. Соборот ќе му посвети време и на трагичниот настан во Бигорскиот манастир, каде што пред нецели два месеца изгоре најстариот конак од манастирскиот комплекс, наречен Горни Палат, а во овој контекст ќе се разговара и за безбедносниот аспект при чувањето на сакралните објекти и предмети. Овогодинешниот Собор треба да даде и насоки за местото и улогата на Црквата и религијата во современите текови во животот и опстојувањето на народите и државите, особено на планот на глобализацијата и критериумите и вредностите што доаѓаат со неа. Духовните и морални принципи не можат и не смеат да бидат заменети со лажните вредности на современието. Нас, пак, како христијани, особено не смеат да не збунуваат новите процеси, туку, напротив, за да не се соочиме со негативните последици, треба да се трудиме да дадеме одговор во согласност со Светото Писмо и Светото Предание на Црквата, и тоа „соборно“, што би рекле ние во Црквата, од луѓе исполнети со духот на вистината, од луѓе со правилни и праведни размислувања, луѓе кои знаат да ја почитуваат слободата на секоја личност и секој народ, но знаат и што значи она сe ми е позволено, но не ми е сe од полза. Ќе речам дека димензијата на глобализацијата претставува основен и составен дел од православното богословие и богомислие: небото, земјата, човекот – сe е дело Божјо и сe се стреми кон новото небо и новата земја (како што учи Библијата – Пост 1,1 и Откр. 21 - 22). Но современата глобализација, или, човечкиот поим за соборност, е неостварлив и сосем спротивен на соборноста, односно единството на Светата Црква, како заедница во Бога, манифестира преку литургиското единство, преку едносушноста во верата и надежта за вечното опстојување во соборот на Небесната црква. Соборноста на Црквата е глобализација пред глобализацијата, но таа има идеал, има остварлива проекција, има гарант за вистинската природна слобода и цел на созданието – тоа е Богочовекот Христос.

Овогодинешниот Црковно-народен собор, исто така, ќе му посвети и на македонската актуелна состојба – и на црковен, но и на национален државен план. Како членови на највисокото тело на Црквата наша македонска, должни сме да ги разгледаме и внатрешните случувања на административен, организациски, економско-материјален и просветен план, како и тоа, кои се потребите од духовен карактер на нашите верници. Веројатно ќе има интерес зошто МПЦ сe уште за некои е „забавно“ катче и „мета“ за острел, за чиј интерес и интереси се прави тоа и дали антицрковното е само антицрковно, и дали се случајни оние собирачи на потписи и анкетари и дали се случајни веќе препознатливите „егзарси“ и надвор од Црквата. Зашто, очигледно некому му беа потребни, заради нечие „зајдисонце“, и „Изгрев“ и Градски плоштад и некакви ветерници и што уште не!?

Соборот треба да укаже, да покаже и да насочи во кој правец и со кое темпо треба да се движат и да одат активностите, дејностите и мисијата на нашата Света Црква. Времето што го живееме и, особено, обврските што сме ги прифатиле, бараат од секого целосна посветеност и припаѓање на она за кое сме прифатиле да го работиме и да служиме – на Бога и на народот.

Господ Бог, по молитвите на светиот Климент Охридски, нека нe умудри да бидеме од полза и да донесеме правилни одлуки на денешниов Собор на нашата Македонска православна црква. Господ да ве благослови. Амин“.   

Скопје, 12 ноември 2009 год.