Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Католичка Црква во РМ

АПОСТОЛСКИ ЕГЗАРХАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Во Р. Македонија постојат како напомнавме на почетокот и католици од византиско-словенски обред, кои потпаѓаат под јуриздикција на Апостолскиот Егзархат во Македонија.

а) Кукушко соединение Движењето за ослободување и осамостојување добива свој замав кон средината на 19 век, кога по цела Европа се буди националната свест. Тоа движење ја зафаќа и Македонија. Во борба за црковно ослободување од хеленистичкото влијание, покрај националниот дух, во македонскиот народ се буди и духот за црковна независност од Цариградскиот патријархат. По неуспешното барање сојузник во разните независни Цркви, обидот за ослободување од јуриздикцијата на Цариградскиот патријархат завршува во соединение со Католичката црква 1859 година. Центарот на тоа движење беше градот Кукуш, од каде и името „Кукушко соединение“. Во 1883 година створен е Апостолски викаријат за Македонија со седиште во Солун. Прв Апостолски викар именуван е владиката Лазар Младенов. б) Апостолски викаријат Со создавањето на Апостолскиот викаријат во Македонија е формирана правната структура на Католичката црква од византиско-словенски обред во Македонија. Епископот Младенов ја означува јасната насока на развојот на Католичката црква од источен обред. Меѓутоа несреќните околности што го зафаќаат тој крај: Илинденското востание, Балканските војни и Првата светска војна се одразуваат негативно и врз католиците. По Првата светска војна католиците од источен обред кои се нашле во Вардарскиот дел на Македонија и Стру­мич­киот регион, светиот Отец Папа ги поверува под грижата на тогашниот Надбискуп во Скопје. На 19 октомври 1923 година со одредба на Ватикан стануваат составен дел на Крижевската епархија и како такви остануваат сe до 2001 година. в) Апостолски егзархат Неговата Светост папата Иван Павле II на 11 јануари 2001 година во Ватикан го потпиша декретот за воспо­ставу­вање Апостолски егзархат за католиците од источен обред во Македонија што во Ватикан беше објавен на 25 ја­нуа­ри 2001 година. Прв апостолски егзарх именуван е Н.П. Монс д-р Јоаким Хербут, бискуп скопски. За седиште на егзархатот е одре­ден градот Струмица, а парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица добива наслов катедрала. Двете црковни католички институции: Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија се под водство на една личност, Монс. д-р Киро Стојанов од 2005 година, можеби и единствен случај во светот. И покрај различ­ни­те обреди, соработката меѓу духовенството и меѓу верниците е на завидно ниво. Но, во исто време, го нагласувам и добриот однос со другите верски заедници во Република Македонија.