Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Исламска Верска Заедница во РМ



 

Исламска Заедница во Република Македонија

Исламска Заедница во Република Македонија, е верска организација на сите муслимани кои живеат на просто­рот на Република Македонија. Таа е компетентна и одговорна институција за развојот на верскиот живот врз здра­ви исламски основи; го организира одржувањето на верски работи на верниците и ги одредува нивните зада­чи и обврски. Исламската Заедница ја штити и негува скапоцената ризница на моралните, социјалните, економските, културни­те, образовните и другите вредности на нејзините припадници. Таа ги претставува муслиманите од ова поднебје во земјата и во странство и ги штити нивните интереси во сите областите од животот.

Од појавата на Исламот на нашиве простори, муслиманите на Македонија непрекинато биле недделива ислам­ска духовна целина, кои ги наследиле учењата на последната објавена Книга – Кур`анот Керим и Сунетот на Пеј­гамбер а.с. За да ги реализираат своите верски задачи, муслиманите се поврзале со единствената Исламска за­едница, независно од нивната национална или етничка припадност.

Организирањето на верскиот живот во текот на перидот на Османлиската Држава било под јуриздикција на Шеј­хул-Исламот во Истанбул, додека по Балканските војни, односно, по Првата Светска Војна, верскиот живот на мус­лиманите бил под јуриздикција на Реис Улема, со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина. Инаку, Ислам­ската Заедница во Република Македонија била составен дел на Исламската Заедница на Кралството Југослави­ја, а потоа, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на поранешната државна заед­ни­ца и по осамостојувањето на Република Македонија, оваа заедница продолжува да дејствува како независна верска заедница во Република Македонија, со седиште во Скопје.   

Исламската заедница во Република Македонија, својата активност ја потпира врз Кур`анот, Сунетот, и нејзиниот Устав, како и нормативните акти што произлегуваат од него. Таа е независна во организирањето на верскиот жи­вот, во вакуфите, во административно-финансиската дејност, како и во останатите активности што произлегуваат од овој Устав.

Во остварувањето на исламските задачи, во областа на ибадетите, оваа Заедница ја применува Правната школа Ханефите.

Цел на Исламската заедница во Република Македонија е подигање на верската свест, организирање на извршу­ва­њето ибадети и оживотворување на Исламот кај муслиманите. 

Исламската заедница во Република Македонија има свои воспитно-образовни институции:
Исламската вера има два празника: Курбан Бајрам и Фитер Бајрам, кои се тесно поврзани со ибадети: Курбан Бајрам е поврзан со Аџилакот, додека Фитер Бајрам доаѓа веднаш по завршувањето на месецот на постот, Рама­занот.
Верски објекти на Исламската заедница се сметаат џамии, месџиди, исламски центри на нејзини верници надвор од земјата, теќии, турбиња, Саат Кули, гусуланови, итн.
Мухаммед, алејхис-селам, е последниот Пратеник пратен од Аллах, џел­ле шануху. Нему му е објавена и последната книга од Аллах, џелле шануху, Куранот.