Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ДИРЕКТОРОТ НА КОВЗ ПРОФ.Д-Р ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА УПАТИ ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ ДО ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ОА Г.Г.СТЕФАН

 

 

 

Македонска Православна црква

- Охридска Архиепископија

Неговото Блаженство Архиепископ

Охридски и Македонски  Г. Г. Стефан



            Ваше Блаженство,

 

 

            Дозволете ми во овие радосни мигови Вам, на Светиот Архиерејски Синод да Ви го честитам Јубилејот 50 години од возобновувањето на Македонската Православна Црква.

 
            Пред 50 години ( на 17 јули 1967 година), Светиот Синод на МПЦ го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква Св. Климент Охридски ја донесе одлуката за прогласување на Македонската Православна Црква за Автокефална.

 
            Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ е извршен на Светата архијерејска литургија, отслужена во црквата Св. Богородица Перивлепта на 19 јули 1967 година од Светиот архијерејски синод на МПЦ.

 

            Со овој чин на македонскиот народ му беше вратена честа, гордоста и правото на слободна духовна определба, по неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 година.

 

            Прославувајќи го овој исклучително значаен ден за Македонија сакам во оваа прилика да потенцирам дека МПЦ – ОА беше и останува стожер на македонското национално и духовно опстојување, чувар на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик и бранител на националното духовно и културно богатство.

 

            Со почит,

 

                                         
 
        Директор

Проф.д-р Валентина Божиновска