Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

На 02. 08. 2018 година, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски присуствуваше на Илинденската прослава во Лешочкиот манастир.


Во присуство на многуброен народ, бројното свештенство од Тетовско-гостиварската и од Европската епархија предводени од Митрополитите Пимен и Јосиф отслужија Архиерејска божествена литургија и Панихида за паднатите борци во двата Илиндена за слободата на нашиот народ и Република.

Македонците секогаш имале силна верба, токму поради тоа своите борби ги започнувале на денот на Св. Илија, со оружје во рака и кренат глас. Денес македонските свештеници од Европа и Полог се помолија за сите знајни и незнајни вградени во пантеонот на македонската национална кауза низ вековите.