Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЧЕТВРТАТА ПО РЕД КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕЛИГИСКИ И МЕЃУЦИВИЛИЗАЦИСКИ ДИЈАЛОГ „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“

 

 


Четвртата по ред светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог ќе се одржи од 3 до 5 ноември во Битола во рамки на Глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за помирување на културите. Ќе учествуваат повеќе од 150 претставници од сите светски религии, невладини организации, професори и експерти од целиот свет.

Конференцијата за религиски и меѓуцивилизациски дијалог ќе биде отворена на 3 ноември со обраќања на претседавачот Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а учесниците ќе ги поздрави и претседателот Ѓорге Иванов.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска рече дека се одлучиле за оваа тема на конференцијата бидејќи смета дека сме лидери во овој момент во претседавањето на проблемите со мигрантската криза.

– Ние бевме единствената држава која во време на бегалската криза успеавме мигрантите во Република Македонија да ги интегрираме, а да не ги асимилираме. Ние успеавме со еден силен менаџерски состав од институциите да ги згрижиме, да поминат по балканската рута. Но, она што е значајно да се напомене дека односите со соседна Грција и Србија беа на такво високо ниво што Македонија подоцна доби комплиментит од страна на ЕУ, истакна Божиновска.