Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
04.03.2016г. СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОД КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

Ги повикувам верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата. Тие добро знаат дека ниту орелот, ниту крстот можат да ги направат победници или поразени. Тие историски живееле во верска толеранција и соживот и самите меѓу­себно знаеле да споделат заеднички моменти во добро и во зло.

Ниту некогаш христијаните се собирале да протестираат против изградба на џамија, ниту пак, им пречела молит­ва­та на имамот.

Тие што вчера ги газеа осветените темели за крстот по­бед­ници ли беа?

Време е кога и муслиманите и христијаните треба да се вратат на корените на своите прадедовци, зашто токму тие беа урнек како се живееше во Република Македонија.



Време е пред се за човечко обединување. Онака како што можеме самите одвнатре да си помогнеме, тоа никој од­над­вор нема да го направи за нас.

Ве повикувам да го следиме примерот на поранешниот муфтија и сегашниот градоначалник Ружди Љата и игу­ме­нот Партениј, обата го чуваат верскиот соживот во де­барско-реканскиот крај, на македонците, на албанците и на македонците со исламска вероисповед.

Само на тој начин ќе го кренеме заедничкиот бајрак на победа на верската  толеранција и соживот во Република Македонија.


Апелирам во овие мигови проблемот да се разреши и институционално.



Со почит,

             Директор

  Проф.д-р Валентина Божиновска