Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

телеграма со честитки по повод раѓањето христово божиќ директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати до претседателот на евангелско -методистичката црква во република македонија г-дин емил заев

ДО
ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседател Г-дин Емил Заев     

 

 
ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

Почитуван г-дин Заев,

 

      Во овие возвишени и среќни празнични денови дозволете ми Вам лично, на свештенството и на верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод празникот РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО-БОЖИЌ.

И оваа година го славиме Божиќ во духот на мирот и заед­ништ­вото, поттикнати од идејата за зачувување и негување  на нај­ви­соките човечки вредности, во што особен придонес има  Еван­гел­ско-Методистичката Црква, која во нашата земја ги афирмира овие духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верни­ци кон подобра и посреќна иднина. Но најмногу им го осветлува па­тот на оние во чие срце лежи најголемата вистина од сите висти­ни, а тоа е вистината за Божиќ, раѓањето на Спасителот, преку кого сите ние се сплотивме со единиот Бог.

Христовото раѓање е чудо над чудата, празник над сите праз­ници. Денот на Неговото Раѓање е ден кога голема радост му се објави на светот. Прво скришно во пештерата во Витлеем, а по­тоа и во целиот свет одекна големата вест за раѓањето Христово и ја поттикна верата која лежи скриена во секое човечко срце. Само пре­ку божјата љубов и взаемното почитување можеме да ги отво­ри­ме нашите срца и преку споделување на радосната вест за Хрис­то­вото раѓање, да го разбудиме духовниот извор на спасението. Се­кој од нас е божје чедо и ја поседува најголемата дарба, а таа е да се радува на божјата љубов.

Затоа, за време на Божиќ, во молитвите, да ги отвориме на­шите срца да ја примат веста за раѓањето Христово, и во духот на ми­рот и заедништвото да се исполниме со евангелска љубов и бо­жиќ­на радост. Да се поклониме пред новородениот Спасител и за­ед­но со ангелите да запееме: „Слава на Бога во височините, на зем­јата мир и меѓу луѓето добра волја”.

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!                         

 
Директор,
  Проф. д-р Валентина Божиновска