Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски во посета на општина Сарај

На 27.02.2018 година директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-дин Даријан Сотировски ја посети општина Сарај,

каде оствари средба со градоначалникот г-дин Блерим Беџети. На средбата беше истакната потребата од понатамошна продлабочена соработка меѓу КОВЗРГ и општина Сарај во насока на гарантирање на меѓуконфесионалниот мир и стабилност, како дел од процесот на градење доверба меѓу граѓаните припадници на различни заедници. Директорот Сотировски истакна дека ќе ги поддржи сите заложби на локалната самоуправа за неселективно задоволување на верските потреби на граѓаните, кој притоа додаде „Општина Сарај неслучајно е првата општина која ја посетувам, тука е голем потенцијалот за заедничко ангажирање за заштита на непроценливото културно наследство, како Хусеин Шах Џамијата и Црквата Св. Андреа, кои сведочат за заедничкото вековно егзистирање на нашите претци и нивната непоколеблива верба“.

Градоначалникот Беџети ги афирмираше ставовите на општината за грижа за 
задоволување на потребите на конфесиите и постојаната спремност за дијалог и 
разбирање.