Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
ЗАКОНСКИ АКТИ И ОДЛУКИ

Законска регулатива

Oдносите помеѓу верските  заедници и религиозните групи со државата се регу­ли­рани со Уставот на Република Македонија, Законот за органите на државната управа и Законот за црква, верска заедница и религиозна група.

Со член 19 од Уставот на Република Македонија е регулирано дека Ма­­­ке­донската православна црква, како и Исламската верска заедница, Като­лич­ката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и дру­ги­те верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се една­кви пред закон. Од ова јасно произлегува дека во Република Македонија нема др­жав­на религија.

Државата е секуларна и религијата е одвоена од неа. Тоа зна­чи дека државата не­ма право да се меша во црковните работи, ниту пак црк­ва­та да се меша во др­жавните работи. Со Законот за органите на државната управа е основана Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи како посебен орган на државната управа. Овој орган има статус на правно лице. Во член 29 од овој За­кон е пропишано дека Комисијата за односи со вер­ските заедници и рели­ги­озните групи се грижи за правната положба на вер­ските заедници и религи­оз­ните групи и за односите меѓу државата, вер­ските заедници и религиозните групи.

Имајќи предвид дека во текот на важењето на овој закон, Уставниот суд на РМ укина неколку од неговите членови, истиот стана неприменлив во повеќе сегменти и создаде обврска да се понудат нови законски решенија. Како дополнение на аргументацијата беа и уставните амандмански измени и дополнувања на Уставот од 2001 година и потребата од прилагодување на нашето законодавство со меѓународните норми и стандарди заради што на 05.09.2007 година беше донесен новиот Закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.