Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

„Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот”

26-28 октомври 2007 година, Охрид, Република Македонија

Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на тема Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот се одржa на 26 - 28 октомври 2007 год. во Охрид, Република Македонија.

Конференцијата ја организираше Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиски групи, како и со верските заедници на Република Македонија. Конференцијата финансиски беше помогната од Владата на Република Македонија, УНЕСКО, Светската исламска лига, а како партнер и Светската конференција за религии за мир.

Организирањето на оваа значајна светска конференција во Република Македонија претставува продолжение на неколкуте значајни регионални форуми и конференции одржани во нашата земја. Регионалниот форум на ниво на претседатели на држави „ Дијалог помеѓу цивилизациите ” под покровителство на претседателот Борис Трајковски и копредседателство на генералниот директор на УНЕСКО, г. Коиширо Мацура во рамките на Декадата на ООН и УНЕСКО за дијалог помеѓу цивилизациите, 28-29 август 2003 год.во Охрид; Конференцијата „ Балкански меѓурелигиски дијалог ” одржана на 26-28 мај 2006 год. во Охрид и Третата регионална конференција на министри за култура Културното наследство: мост кон заедничка иднина, во соработка со Регионалното биро на УНЕСКО-БРЕСЦЕ , на 3-4 ноември 2006 год. во Охрид.

Конференцијата беше организирана во рамките на Декадите на ООН и УНЕСКО „Декада за дијалог помеѓу цивилизациите” и „Декада за култура на мирот”.

Цели на Конференцијата

Со одржувањето на оваа Конференција, преку размена на мислења и искуства на претставниците на различни религии и култури, настојуваме да покажеме дека светот може преку дијалог и активна заложба да се смени во динамична област во која луѓето ќе ја потврдат и реафирмираат убавината, творечката моќ на разликите, културната размена, соработката, како и богатството и потенцијалот која таа го носи. Ваквите настани можат да одиграат клучна улога во надминувањето на религиозните и расни предрасуди, како и цивилизациски нетрпеливости, притоа негувајќи го вековното традиционално разбирање во меѓуетничкото и меѓурелигиозно коегзистирање. Воедно, сакаме да ја реафирмираме улогата која што оваа територија ја имала во минатото: двигател на духовниот и цивилизациски живот на Балканот и во светот.

Обновувањето на взаемната доверба, враќањето кон традиционалните вредности преку богопочитување и почитување на ближниот, воспоставувањето на меѓурелигискиот и меѓуцивилизациски дијалог, треба да помогне светот да се ослободи од предрасудите, подвоеноста и заблудите, а сите ние да се посветиме на креирањето на еден подобар свет.

www.wcdarc-ohrid.org