Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски на прием кај поглаварот на Католичката црква во Македонија, НЕ Бискупот Скопски и Апостолски егзарх во Македонија д-р Киро Стојанов





На 01.03.2018 година во резиденцијата на поглаварот на Католичката црква во Македонија се одржа средба помеѓу Бискупот Скопски и Апостолски егзарх во Македонија д-р Киро Стојанов и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски.





На средбата се разговараше за важноста од отворен и искрен дијалог за важните прашања за граѓаните од сферата на верските чувства и определби како сензитивна област. Беше особено истакната потребата од зголемена соработка меѓу Католичката црква и КОВЗРГ во интерес на граѓаните припадници на оваа значајна верска заедница.


Директорот Сотировски го потенцираше досегашниот придонес на Католичката црква за стабилност на меѓуконфесионалните односи во државата, притоа додаде „Католичката црква и Вие Ваша Екселенцијо имате особен придонес во стабилноста на колоритот на култури и заедници во државата, секогаш со умереност и почит кон другите, кон различните, давате позитивен пример и придонес“. Се надевам на зголемена соработка и меѓусебна поддршка за сите отворени прашања, меѓу Светата столица и Католичката црква со Владата на Република Македонија. Бискупот д-р Киро Стојанов упати искрени честитки кон новоименуваниот директор, притоа ја истакна поддршката на Католичката црква за сите иницијативи на новиот директор и КОВЗРГ во интерес на верниот народ, решавање на долгогодишни проблеми, како и унапредување на верските слободи и права и мотивирање на соработката и верскиот соживот.