Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

ЕВРЕЈСКА НОВА ГОДИНА РОШ ХАШАНА

           По повод отпочнувањето на Новата година според Еврејскиот календар Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Валентина Божиновска

ПОВЕКЕ

 упати честитка до Претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија г-ѓа Бјанка Суботиќ, и до сите граѓани припадници на Еврејската заедница во која меѓу другото се вели:

Почитувани,

 

            Дозволете ми  Вам лично  и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи да Ви го честитам големиот празник РОШ ХАШАНА и одбележувањето на почетокот на 5770 година според Еврејскиот календар, посакувајќи Ви претстојната година да биде година на среќа, здравје, благосостојба и меѓусебно почитување.

      Во пресрет на овие празнични денови би сакала да го истакнам Вашиот и придонесот на Еврејската заедница во зачувувањето на меѓучовечкото разбирање, толеранција и соживотот меѓу сите граѓани во Република Македонија. Убедена сум дека како и досега ќе продолжиме во негувањето на позитивните вредности кои не обединуваат во нашиот идентичен стремеж за просперитетна иднина и благосостојба на сите нас.

Поздравувајќи Ве со традиционалниот поздрав Лашана това уште еднаш Ви ја честитам Новата година посакувајќи Ви празничните денови  да бидат исполнети благодет, среќа и радост

            .

 

Со искрена  почит,