Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

Св. Климент Охридски, XIV-XV векпо повод големиот христијански празник св климент охридски директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки до поглаварот на мпц-оа гг стефан

 

 

 

 

ДО

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

Г.Г СТЕФАН


 

Ваше Блаженство,



Дозволете ми во мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Вам лично, и на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- Св. Климент Охридски.

Првиот Македонски Архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно, просветно, книжевно, стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет. Неговото дело е вистински пример за тоа како се чува и негува македонската нација, македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Повеќе од 11 века Светиклиментовото слово зрачи и чудотвори, описменува и облагородува. Од силата на неговите поучни и пофални слова денес духовно се храниме сите ние и многу народи ширум светот. Неговото слово е нашето битие, наш сопатник и пријател, врата низ која се преминува од смрт во живот. Неговото слово е и нашиот лек, утеха и живо питие. Како што се вели во Библијата: „Кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен“.

И токму овде, на овие простори и на овој народ му беше откриен овој извор, лекот на бесмртноста со кој смртта умира засекогаш, а триумфира животот. Победува вистината, љубовта и верата преку словото и делото на Свети Климент кој е и наш современик, пример за епископите и жив сведок на љубовта Божја.

Во овие празнични мигови да ја упатиме големата македонска мисија кон доброто за сите народи, зацврствување на вербата кон Бога со големата потврда дека Македонија е и продолжува да биде голем светилник во големото европско семејство со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува овој голем светец.



Нека е честит и за многу години празникот!


Директор

Проф. Д-р Валентина Божиновска