Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
Директорот на ковзрг м-р даријан сотировски по повод еврејскиот празник ханука упати телеграма со честитки до претседателот на еврејската заедница во република македонија д-р берта романо - николиќ и до сите членови не ез во ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 

 

                                    

 

 

                                           
ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

Почитувана г-ѓо Берта Романо - Николиќ,

 

 

            Дозволете ми Вам лично и на членовите на Еврејската заедница во Република Македонија, од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви го честитам празникот ХАНУКА.

Славејќи ги спомените и свечено одбележувајќи ги славните денови од минатото, Ханука денес претставува симбол на духовната победа над силите на злото. Реафирмацијата на духовните вредности на овој еврејски празник, денес е од големо значење за целиот свет бидејќи се заснова на почитта и достоинството на еден народ да ја практикува слободно својата вера. Неговото исконско право на слобода е светлина која секоја година симболично се пали на менората.

Поздравувајќи Ве со традиционалниот поздрав ХАНУКА САМЕАХ Ви посакувам празничните денови да ги поминете во кругот на Вашите најблиски, во многу радост, светлина и љубов.

 

   

   Директор

М-р Даријан Сотировски