Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови
АКТИВНОСТИ

Директорот Даријан Сотировски на прием кај поглаварот на ИВЗ Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф Реџепи, во седиштето на ИВЗ
 

На 02.03.2018 година во седиштето на Исламската верска заедница во Република Македонија, беше одржана средба помеѓу директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски и поглаварот на ИВЗ Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф Реџепи.
 

На средбата беше разговарано за перспективите со кое се соочуваат верските заедници во Македонија, како и за важноста од суштинска соработка со државата на секоја верска заедница. Заеднички беше оценето дека КОВЗРГ и ИВЗ треба да ја продлабочат својата соработка и да се воспостави принципиелен  пристап во решавањето на отворените прашања преку дијалог и разбирање.



 

Директорот Сотировски истакна дека се надева на целосна поддршка од Реисот Реџепи за сите заложби и иницијативи за создавање на атмосфера на доверба и компромис меѓу верските заедници, а додаде и дека ИВЗ ќе ја има поддршката од Владата за сите отворени прашања со кои се соочува во интерес на граѓаните припадници на оваа значајна верска заедница. Сакаме нашето општество да се развие преку почитувањето на различностите, како и меѓусебното помагање.

 

Реисот Ул Улема Реџепи најпрво упати искрени честитки до новоименуваниот директор, а потоа истакна дека ќе стои зад секоја иницијатива и вложен труд за подобрување на меѓуконфесионалните односи, како и за заложбите за унапредување на верските слободи и права на граѓаните и неселективното задоволување на нивните верски потреби.