Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

Секој работен ден во неделата

            од 08:30 до 16: 00

 БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕСТОЈ

                     

Корисни линкови

Концерт во организација на Скопската бискупија


Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, присуствуваше на Концерт на барокна и класична музика во Катедралниот храм „Пресвето Срце Исусово“ на Католичката црква во Скопје.

 

 

 На настанот присуствуваше и бискупот Скопски и епарх Струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов, заедно со свештениците од Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија. Групата „Данум Камерата“ од Јоркшир, Велика Британија, има бројни настапи низ целиот свет, а во нивниот репертоар доминираат ремек делата на Бах, Хендел, Моцарт, Пахелбел, Албиљони, и др. Групата се заблагодари на поканата од Католичката црква во Македонија, на нивното гостопримство и на честа да настапуваат во како што велат, „храмот кој ја има една од највеличенствените катедрални оргули“.