Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
ЗАКОНСКИ АКТИ И ОДЛУКИ

ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО РМ

Во 1991 година со промена на политичкиот, економскиот и правниот систем во на­шата држава и со воведување на плурализмот, повеќепартиски систем, парламен­тарна демократија и пазарана економија, се обезбеди целосна слобода на дејству­ва­њето на верските заедници во Република Македонија.

Со Уставот РМ од 1991 година се определи правната положба на верските заедници, со тоа што се гарантира сло­бо­дата на вероисповеста, се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Верските заедници и религиозните групи кои пос­то­јат во државата се одвоени од државата и се еднакви пред Уставот и законот. Пона­таму се определува дека верските заедници и религиозните групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.

Со Уставот, во неговите одредби за основните слободи и правата на човекот и гра­ѓанинот, е определено дека граѓаните на РМ се еднакви во слободите и правата не­за­висно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Исто така, со Уставот се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изра­зу­вање на мислата. Понатаму, со Уставот на националните малцинства кои живеат во државата им се гарантира заштита на етничкиот, културниот, јазичниот и вер­ски­от идентитет. Заради спречување на повреда на правото на слободно изразување на верата, со Уставот е пропишано дека слободите и правата можат да бидат огра­ни­че­ни само за време на вонредна или воена состојба, и тоа не може да биде дискри­ми­на­торско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално по­тек­ло, имот или општествена положба, но и во таква состојба не можат да бидат огра­ничени слободите и правата што се однесува на слободата на уверувањето, со­вес­та, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповедта.

Во кој степен е обезбедена слободата на вероисповедта, може да се заклучи од фак­тот што повредата на овие права на слободно изразување на верата и на недис­кри­минација по основ на вероисповедта, е заштитена со самиот Устав, како највисок правен акт на државата.

Со посебен закон за верските заедници и религиозни групи кој е донесен во 1997 год. а во кој е направен обид за имплементација на слободите и правата на вероисповед кои произлегуваат од мултилатералните спогодби, попрецизно одредувајќи ги права­та и слобо­дите на дејствувањето на верските заедници, правата и слободите на вер­ниците, како и односот на државата спрема верските заедници.

Со новиот закон за верски заедници и религиозни групи, донесен на 05.09.2007 годи­на во целост се имплементтирани сите меѓународни правни норми во однос на сло­бодата на ве­ро­исповедта и недискриминацијата по основ на вероисповедта.