Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

10.04.2017Г.директорот на ковз проф.д-р валентина божиновска упати телеграма со честитки по повод еврејскиот празник песах до престедателот на еврејската заедница во рм г-ѓа берта романо николиќ

 

ДО

ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседател

Г-ѓа Берта Романо-Николиќ

 
                                           ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

           
Почитувана г-ѓa Берта Романо-Николиќ,

 

          

             Дозволете ми  Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ  и одбележувањето на денот кој претставува симбол на непокорноста и желбата за слобода  на еврејскиот народ .

Симболот на ПЕСАХ претставува симбол на новото раѓање и надеж за еден подобар свет во кој мирот, напредокот и соживотот ќе бидат универзални вредности. Денес, празникот ПЕСАХ е тука да нe потсети дека верата во Бога и духовните вредности се клучни фактори во создавањето на мирот и елиминирање на деструктивноста. Меѓусебното разбирање и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува кон остварување на највисокиот идеал на слободата.

            Ви посакувам, овој голем празник да го поминете во мир и благосостојба, и нека овој голем еврејски празник во сите нас ја ослободи универзалната потребата да сакаме и да бидеме сакани.

 
 

Директор

   Проф. д-р Валентина Божиновска