Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови

Во Бискупската резиденција на Водно во Скопје, во среда 8 јуни 2016 година се одржа прес – конференција по повод објавувањето на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“, настани кои ќе се одржуваат во периодот од 5 до 11 септември 2016 година, по повод канонизацијата на блажена Мајка Тереза.

 


 

 

Прес – конференцијата ја водеа Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов, заедно со директорката на Комисијата за односи со верските заедници во Р. Македонија д-р Валентина Божиновска.

 

 

 

На неа присуствуваа бројни претставници на електронските и печатените медиуми. Бискупот Стојанов информира дека пред почетокот на прес – конференцијата била одржана Конститутивна седница на почесниот одбор за одбележување на „Деновите на света Мајка Тереза“

Дирекотрот на КОВЗ  проф.д-р Валентина Божиновска истакна дека периодот од 5 до 11 септември ќе има низа на тематски настани кои ќе бидат реализирани во соработка со релевантни институции од Македонија. Програмата с? уште е во фаза на дооформување, но се најавуваат научни собири, предавања, работилници, концерти и друго. Тематски, инспирирани од ликот на Мајка Тереза, овие настани ќе бидат поделени во неколку целини.
Божиновска исто така истакна дека ќе се чествува со духовна скромност каква што ја имаше  Мајка Тереза, и таинствено онака како што Мајка Тереза умееше да каже "На светот не му е потребна корка леб и дека тој не чезнее за корка лебтуку чезнее за многу повеќе љубов"