Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
Press Cliping

По повод започнувањето на големиот христијански празник Св.Климент Охридски 08.12.2009, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Валентина Божиновска упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан , и до сите граѓани од православна вероисповед во која меѓу другото се вели:


           
Ваше Блаженство,

 

            Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на православните верници на Македонската Православна црква во земјата и во странство, од името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и од мое лично име Ви упатувам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Св Климент Охридски, посакувајќи Ви добро здравје, среќа, радост и мирен духовен живот во текот на празничните денови.


         Делото на Свети Климент Охридски како основач на Охридската архиепископија и нејзин прв епископ, како просветител и основоположник на Охридската книжевна школа, како творец на кириличното писмо и втемелувач на старословенскиот, во потполност ја отсликува мисијата на православието – јакнење на христијанскиот дух и верата на луѓето, како и нивно подучување и описменување.

Овој голем светител, кој целокупниот свој живот го посвети на ширењето на христијанската вера на нашите простори и денес има големо значење во христијанскиот духовен живот на македонскиот народ. 

 

“Нека ни е честит и за многу години празникот“,