Контакт податоци

Комисија за односи со
верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бр 8, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија, П.Фах52
тел. + 389 2 3226-777;
факс +389 2 3226-353
e-mail: kovz@kovz.gov.mk

  Работно време со странки

вторник: oд 10.00-12.00 часот

четврток: од10.00-12.00 часот

                     

 БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

 

 ОТВОРЕНО-ПАРТНЕРСТВО

OPEN DATA

 

             

 КАРТА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  

 ВЕРСКИ

АЛМАНАХ


 
 
 
   

 

   Медиумски пријатели
   www.vest.com.mk
   www.mia.com.mk
   www.vecer.com.mk

Корисни линкови
20.09.2017г. по повод големиот празник рош хашана заменик директорот на ковз г-дин зеко абази упати телеграма со честитки до Претседателот на Еврејската заедница на РМ Д-р Берта Романо-Николиќ и до припадниците на еврејската заедница во РМ.

                                  

                                   

ТЕЛЕГРАМА СО ЧЕСТИТКИ

 

 

                 

Почитувана Г-ѓа Берта Романо-Николиќ,

 

 



           
Дозволете ми  Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам еврејскиот празник Рош Хашана.

 

Рош Хашана традиционално го одбележува почетокот на новата еврејска година и претставува почеток на деновите на молитви, простување и покајување. Рош Хашана претставува симбол на новиот почеток и на новото духовно раѓање, кога не престануваме да се надеваме во светлата иднина, во изградбата на едно подобро, послободно и попросперитетно општество. Во таа насока, Ви посакувам празникот Рош Хашана, и деновите кои следат по него, да Ви подари изобилство на среќа, мир и топлина во Вашите домови што би бил достоен поттик за взаемно почитување и продлабочување на дијалогот помеѓу верниците од различните религии, како и со сите луѓе со добра волја.

 

Поздравувајќи Ве со традиционалниот еврејски поздрав Ле Шана Това Тикатеву, Ви посакувам просперитетна и плодна година исполнета со многу љубов и благодети.

                                            

 

 

                                           Зам. Директор

                                                                                                                   Зеко Абази